-0.2 C
Скопје
01:23 - 19 декември, 2024

Ова е новиот вознемирувачки тренд на запознавање!

Одбројувањето до Денот на заљубените започна, а додека на некои луѓе тоа им носи нова прилика за романтична вечера, пијачка или поклони, за други претставува прилика за здрава доза неспретни разговори на апликациите за запознавање.

Многумина токму преку овие апликации успеваат да ги пронајдат своите идни партнери, но позади сите успешни приказни за запознавање преку друштвена мрежа се кријат и негативни трендови, пишува Mirror. После „ghosting“, го имаме и „whelming“.

Whelming е нов вознемирувачки тренд на запознавање со кој создавате впечаток дека сте посакувани. Тоа се постигнува така што на вашиот потенцијален партнер јасно му давате до знаење дека не е единствената личност со која разговарате, без разлика на тоа дали било вистина или не. Со самото тоа, во очите на личноста со која се допишувате или состанувате, наводно изгледате попосакувани и поатрактивни.

Кога е очигледно дека ќе станеме жртва на whelming?

Најава може да биде и обичен разговор кој се одвива многу споро и резултира со изјава како на пример: Извини, се допишувам со толку многу луѓе, што не успевам на сите веднаш да одговорам. Или кога ќе добиете збунувачка порака која нема никаква врска со темата за која се допишувате, а покрај која следува и коментар од типот на: Извини, ова требаше на друг да го пратам.

Оставајќи впечаток дека се преплавени со бројни понуди и голем избор на луѓе, како и дека вие не сте приоритет, се надеваат дека ќе ве поттикнат повеќе да се потрудите за да го заслужите нивното внимание.

Whelming се споредува со многу стариот и познат начин на манипулирање. Без разлика на тоа дали е односот топло-ладно или неадекватни комплименти кои имаат за цел да ја срушат самодовербата на соговорникот, така што ќе создатат потреба од истите луѓе да ги слушнат и убавите комплименти, whelming е само модерна верзија на овие методи за манипулирање.

Кога ќе приметите дека некој спрема вас се однесува на некој од овие начини, едноставно оддалечете се.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....