10:23 - 5 декември, 2025

Откриена нова „мини Месечина“, која во моментов кружи околу Земјата

Астрономите од Тусон во Аризона откриле нов астероид, кој кружи околу нашата планета и е наречен CD3 2020. Откритието на Твитер го објавил Капер Виршоц, истражувач од програмата „Catalina Sky Survey“ од лунарната и планетарна лабораторија на Универзитетот во Аризона.

– Земјата има нов привремен објект, можна „мини Месечина“ под име 2020 ЦД3. Во ноќта на 15 февруари мојот колега Теди Преј и јас пронајдовме објект – рече Капер.

Објектот во пречникот има меѓу 1,5 и 3,5 метри, а неговата патека укажува дека влегол во орбитата на Земјата пред околу три години.

Според зборовите на Капер, ова откритие е голема работа бидејќи „од околу еден милион познати космички карпи, ова е дури вториот астероид за кој се знае дека орбитира околу Земјата, а по 2006 годона, кога е откриен ПХ 120“, пренесува НБЦ Њуз.

Астероидот во вторникот и официјално е внесен во официјалниот каталог на центарот „International Astronomical Union’s Minor Planet“, кој е основан во 1947 година со задача да собира податоци за набљудување на астероиди, комети и природни сателити во Сончевиот систем.

„The Catalina Sky Survey“ е проект кој го финансира НАСА, а кој има за цел да ја скенира вселената за да се откријат и да се следат објектите близу до Земјата, посебно оние кои можат да претставуваат опасност за Земјата.

Слични објави

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо
Се вчитува....