4.8 C
Скопје
03:11 - 21 декември, 2024

Обрнете внимание! Храна што треба да ја избегнувате ако сте болни

Кога ќе се разболите од грип, сите ја знаете процедурата за лекување. Прво што треба да направите е да си подготвите домашна пилешка супа, за која ќе ви биде потребно домашно пиле кое е одгледано во домашни услови и хрането со органска храна. Супата подготвена од вакво пиле ќе ви ја врати силата и ќе ви го зајакне имунитетот, а што е исто така многу важно, ќе го подобри и процесот на варење на храната, па по неколку лажици од вака подготвената домашна супа, во која се разбира ќе морате да ставите и поголемо количество органски одгледан зеленчук, ќе се чувствувате значително подобро.

Второ нешто што треба да направите доколку сте болни е колку што можете повеќе да пиете чај од најразлични билки. Сепак, како најлековит се покажал чајот подготвен од ѓумбир, во кој ќе додадете неколку капки прополис и една супена лажица мед. Ваков чај можете да пиете и по четири до пет пати во текот на денот за да почувствувате подобрување на здравствената состојба за само неколку денови.

Како трета навика што треба да ја воспоставите секогаш кога ќе се разболите од грип е да јадете храна во чиј состав има изобилство од витамини и минерали, кои исто така многу ќе помогнат во намалувањето на симптомите на болеста.

Па така, секогаш кога ќе се укаже можност и желба да го направите тоа, подгответе си порција во која ќе има исечкани најразлични овошја.

Што да избегнувате кога сте болни

Како што постои храна која е препорачлива да се јаде тогаш кога сте настинати или имате грип, така постои и храна што никако не смеете да ја јадете додека се наоѓате во ваква состојба. Избегнувајте да јадете секаков вид месни преработки, храна богата со шеќер, но и одредени природни намирници што многу тешко се варат, па со нивното консумирање, има огромни шанси да му направите дополнителни тешкотии на дигестивниот систем, а како резултат на тоа, дополнително да се влоши здравствената состојба.

Токму поради тоа, лекарите постојано предупредуваат дека одредена храна може многу штетно да влијае врз влошување на здравствената состојба во периодот кога нашиот имунитет значително е опаднат. Освен тоа, најверојатно имате на ум дека различни луѓе, различно реагираат на одредена храна и во периодот кога се совршено здрави, а не пак кога се болни, па затоа најдобро е секогаш да го слушате телото.

Спанаќ

Хистаминот што се наоѓа во спанаќот, исклучително многу помага телото да се избори против појавата на одредени алергиски реакции. Доколку не поднесувате да јадете одреден вид храна, хистаминот ќе ве предупреди дека таа може кај вас да предизвика ваков вид несакани реакции. Исто така, доколку сте алергични на хистаминот, а сте јаделе спанаќ во деновите кога не се чувствувате добро, можете да почувствувате симптоми слични на алергиска реакција какви што се, на пример, чувство на умор и омалаксаност, вртоглавица, а во одредени ситуации и појава на осип по кожата.

Јаткасти плодови

Цинкот и витаминот Е ќе му помогнат на телото во борбата против болките што ги чувствувате, а се јавиле како последица на високата температура која е последица на настинката или грипот. Сепак, доколку имате болки во стомакот, дијареја или повраќате, многу подобро е во тој период да се воздржите од јадење јаткасти плодови, а најмногу да ги избегнувате оревите. Причина за тоа се маснотиите што се наоѓаат во нив, а кои телото тешко ги вари во периодот кога сте настинати или имате грип.

Брокула

И покрај тоа што е исклучително здрава, сепак таа во својот состав изобилува со растителни влакна кои многу тешко се варат, па со самото тоа овој зеленчук е „непожелна“ храна во периодот кога сте болни.

Грав

Шеќерите што се наоѓаат во составот на гравот можат да ги активираат желудочните тегоби, кои пак можат да предизвикаат појава на гасови, повраќање, дијареја и грчеви во стомакот. Телото во таква состојба нема доволно моќ и енергија за да ги синтетизира ензимите што ги намалуваат гасовите, па шеќерите не се варат во целост.

Токму затоа гравот избегнувајте да го јадете доколку имате тегоби во желудникот, исто како што во периодот додека сте болни, целосно морате да ги исфрлите од употреба интегралните, но и млечните производи. Нив заменете ги со каша подготвена од жита, бел ориз и банана.

Свежо овошје

Доколку имате грип, една голема порција исецкано овошје исклучително многу ќе помогне да ја надополните дневната доза на витамини и минерали, кои ќе ви помогнат во побрзо закрепнување и забрзано враќање на опаднатиот имунитет во некоја нормална граница.

Сепак, доколку имате воспалено грло или болни крајници, немојте да внесувате свежо овошје бидејќи може дополнително да ја влоши состојбата. Додека да се намали болката во грлото, јадете варено овошје во комбинација со мед и со прополис.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....