Ако сте се запрашале зошто парите не се проблем за некои луѓе иако не се трудат многу, а други работат напорно, но малку заработуваат, одговорот се крие во нумеролошката матрица на името на секоја личност, односно во бројот кој се вика број на пари, работа и богатство.
На некои луѓе, парите не им преставуваат голема грижа, дури и ако не се трудат многу, парите едноставно се „лепат“ на нив. Други луѓе напорно работат целиот свој живот, но заработуваат малку и секогаш остануваат на иста положба, кога станува збор за пари.
Во продолжение прочитајте како да ја пресметате вашата нумеролошка матрица.
Прво напишете го вашето име и презиме, а потоа пронајдете го бројот што одговара на секоја буква во табелата подолу. После тоа, треба да ги соберете броевите на името и презимето одделно, а потоа да ги соберете тие два броја. Многу е важно да ги собирате додека не добиете едноцифрен број.
Ако сакате, можете да го сторите истото со прекар или други имиња што ги користите во деловниот живот. Ако сте женско лице и го користите презимето на вашиот сопруг, пресметајте го тој број, а ако сè уште го користите моминското презиме, бројот што ќе го добиете со повторна пресметка ќе биде поважен за вас.
1: А, Ф, Н, В
2: Б, Г, Њ, З
3: Ц, Х, О, Ж
4: Ч, И, П
5: Ќ, Ј, Р, Ѓ
6: Д, K, С
7: Ж, Л, Ш
8: Џ, Љ, T
9: E, M, У, Ѕ
Пример: Марија 9 + 1 + 5 + 4 + 5 + 1 = 25; 2 + 5 = 7
Број 1
Број еден има тенденција да биде секогаш прв. Овие луѓе се обидуваат да ги завршат своите работи совршено, затоа што знаат дека нивната самодоверба зависи од тоа. Тие никогаш не се потпираат на другите луѓе и не сметаат на туѓа помош. Добро е познато дека работодавците многу ги ценат луѓето како „Единица“. Како по правило, „Единиците“ заработуваат добро, но никогаш не стануваат милионери. Тие се повеќе заинтересирани за работа отколку за стекнување капитал.
Број 2
Овие луѓе секогаш имаат покрај себе партнери кои им помагаат како да дојдат до пари. Нивниот партнер обично ги одржува или им обезбедува услови за да можат да ги реализираат своите деловни потенцијали. Потенцијалот на „Двојката“ е најизразен кога работат во група или во тим, тогаш тие најмногу заработуваат и напредуваат. Обично, „Двојките“ го стекнуваат своето богатство наследувајќи го или ако основаат своја компанија.
Број 3
Овие луѓе можеби најмногу сакаат пари, но многу тешко доаѓаат до нив, но ако успеат да го поврзат сопствениот бизнис со нивната потреба да се забавуваат, тогаш нема да им недостасуваат пари. Поради недостаток на талент за некоја одредена работа, а особено среќа, овие луѓе секогаш се загрижени поради несигурната заработка. Главната карактеристика на „Тројката“ е нивната креативност, духовитост и подготвеност за работа. Тие стекнуваат богатство само ако го пронајдат својот талент или со помош на „луда среќа“.
Број 4
Овие луѓе во животот до ништо не доаѓаат со лесно и секогаш треба да се помачат за нешто. Исто така треба да направат неверојатни напори за секој нивни успех и да се откажат од забава поради работата. Честопати ќе ги слушнете дека одбиваат работни места што ги сакаат, а сето тоа заради подобро платена работа. Но, таа нивна заложба секогаш нема да им обезбеди материјална безбедност и мир. „Четворките“ кои се способни да „ловат во матно“ имаат подобри шанси да се збогатат. Она што сите го знаат е дека „Четворките“ се одлични работници.
Број 5
Овие луѓе се опуштени и најголема заработувачка ги чека на патувања или во странство. „Петките“ се многу прилагодливи луѓе кои имаат добра интуиција. Тие исто така имаат способност која им помага да не трошат пари таму каде што сите ги трошат. Може да се каже каде што другите даваат „Петките“ добиваат. Поради нивната прилагодливост и подготвеност да работат сè, тие никогаш нема да бидат сиромашни.
Број 6
Овие луѓе имаат потреба од истомисленици со кои ќе се поврзат. „Шестките“ го постигнуваат својот најголем успех преку семејниот бизнис. Главниот парадокс кај „Шестките“ е што колку повеќе даваат, толку повеќе имаат. Ако „Шестките“ не успеат да најдат вработување во заедницата, тие можат да го поминат целиот живот во сиромаштија.
Број 7
Овие луѓе успеваат да го најдат најрационалниот начин за да го реализираат својот потенцијал. Најмногу им се допаѓа кога ги откриваат тајните на другите луѓе, затоа што тоа им оди од рака, а од тоа можат да заработат солидни пари. „Седмиците“ се во можност да ги жртвуваат парите само за да се занимаваат со оние работи кои ги сакаат и во кои веруваат. Ако нивната судбина е таква што не треба да се грижат за финансиите и само да се посветат на работите што ги сакаат, тие ќе бидат апсолутно среќни.
Број 8
Најважната работа за „Осмиците“ е да бидат добро платени за она што го работат. Никогаш не волонтираат, затоа што едноставно не се заинтересирани за работни места во кои нема приходи. Тие не само што се способни да заработат пари, туку се и способни да ги дуплираат.
Број 9
„Деветките“ бараат работа што ќе им донесе брз, лесен и голем профит. Парите и „Деветките“ може да се каже дека се во комплицирана врска. Нивната главна особина е нетрпеливоста, што претставува голема пречка за нив во работата и во заработката. „Деветките“ ако сфатат дека напорот не мора секогаш да се исплати од прв пат, ќе имаат голема шанса да се збогатат.