Ни беше чест да се запознаеме со сите вас ширум светот, напишаа војводата и војвотката.
Меган Маркл и принцот Хари објавија новогодишна честитка на Инстаграм, која претставува компилација од најважните моменти во 2019.
Во фокусот на нивните најубави моменти секако е раѓањето на нивниот син Арчи, а на честитката се најде и нова фотографија од него, снимена за време на празниците во Ванкувер.
Арчи на фотографијата носи нова капа, јакна и чизми од овча кожа, подарок од австралискиот гувернер Питер Кросгрув.
„Ни беше чест да се запознаеме со сите вас ширум светот и едвај чекаме да стекнеме нови познанства следната година. Се надеваме дека 2020 ќе ви донесе здравје и среќа“, пишува во описот на видеото.