Човечката историја е неизмерно важна, а кога ја учиме, најчесто се фокусираме на конкретна работа, личност или настан во некое време. Но, интересно е тоа што многу работи се меѓусебно испреплетени и поврзани.
Поради долунаведените факти лесно може да се посомневаме во перцепцијата за времето низ историјата, а тоа може и да биде поттик работите да ги гледаме од друг агол.
1. Кралицата Елизабета Втора и Мерилин Монро се родени во иста година
Актуелната кралица на Велика Британија има 92 години, а со повеќе од шест децении поминати на престолот, таа е една од најдолговечните владатели во историјата.
Во текот на 66-годишното владеење ѝ служеа 13 премиери – помеѓу кои беше и Винстон Черчил. Во текот на овој период се променети и 13 претседатели на САД, почнувајќи од Труман.
Необично е тоа што самата кралица Елизабета е родена на 21 април, 1926 година, што е само два месеци порано од раѓањето на славната актерка и секс икона, Мерлин Монро.
Кога овие две жени имале 30 години се сретнале во Лондон, на премиерата на филмот „Battle of the River Plate“. Сведоците на овој настан, раскажуваат како Мерлин трпеливо го чекала својот ред за да се поздрави со кралицата.
2. За време на американската Граѓанска војна отворена е подземна железничка станица во Лондон
Лондонската железница која популарно го носеше името „The Tube“, започна со работа на 10 јануари 1863 година, кога американската граѓанска војна беше во полн ек.
Токму тој јануари Абрахам Линколн издаде Еманципациска прокламација, која наложуваше слобода за „сите лица кои се во ропство“. Иако прокламацијата имаше ограничен ефект, сепак беше од големо значење.
Подоцна таа година се водеше и битката за Гетсбург, што беше пресуден момент во целата таа војна. Денеска животот и сообраќајот во Лондон не можат да се замислат без оваа подземна железница. Кога станува збор за граѓанската војна, таа и натаму зазема средишно место во американската историја.
3. Првиот филм од франшизата „Војна на ѕвездите“ е објавен истата година кога почина Елвис Присли
Во пролетта 1977 година Џорџ Лукас објави филм за кој никој, па ниту самиот Лукас не веруваше дека ќе доживее толкав успех. Снимањето на „Војната на ѕвездите“ беше напорно, меѓутоа овој филм значеше и најава за раѓањето на најпопуларната франшиза на научно-фантастични филмови во светот.
Додека тоа беше голем плус за забавата на индустријата, истата година оваа индустрија ја погоди вистинска трагедија – смрт на кралот на рокенролот, Елвис Присли.
4. Сите живееја во ист град во 1913 година – од Тито до Хитлер
Адолф Хитлер, Лав Троцки, Јосиф Сталин, Јосип Броз Тито и Зигмунд Фројд – петте познати имиња кои на свој начин го одбележаа 20-тиот век.
Животите на овие пет великани се поврзуваат во Виена, која во тој период е главен град на Австроунгарското царство, во 1913 година.
Теориите на Фројд во тој период беа добро воспоставени, Хитлер по вторпат е одбиен да стане дел од Виенската академија на ликовни уметности. Троцки и Сталин во тој период беа во бегство во Виена, додека Тито се наоѓал во градот поради пари, работејќи во компанијата за автомобили „Дајмлер“.
Дали некој од нив тогаш знаел колку нивните имиња ќе станат значајни за историјата до крајот на векот?
Доволно чудно е и да се помисли дека тие на момент меѓусебно се разминувале по улиците во истиот град во кој своевремено живееле.