20.8 C
Скопје
17:35 - 12 март, 2026

Наши миленици: КЛЕА

Клеа никогаш нема да биде „нормално“ маче – нормално во смисла да може да оди, да скока, да јаде како сите мачиња. Имено, Клеа не може да оди правилно – таа се тетерави, губи рамнотежа, нема контрола при одењето и изгледа како мало пијано морнарче. На почеток, не можеше ни да стои на четири нозе. Често си ја удираше главата и некогаш, после некој силен удар, мирно легнуваше за да се соземе од ударот и болката, ама пак стануваше, не се предаваше. Ама сега, Клеа знае да се качува и да се симнува по скалила, а кога оди – како да маршира! Клеа не е единствена – како неа се раѓаат многу мали мачиња кои, за жал, најчесто ги усмртуваат или кај ветеринар или ги оставаат надвор сами да умрат. Сите тие страдаат од церебеларна хипоплазија.

Клеа ја има таа среќа да има дом во кој е бескрајно сакана. Клеа и мачките како Клеа, не се разликуваат од другите здрави мачки, тие подеднакво сакаат, подеднакво мјаукаат, подеднакво се галат и предат, безмерно го сакаат и му се радуваат на животот. Клеа и мачињата како Клеа заслужуваат шанса и право на живот, на дом полн со љубов, нега и грижа и со сета нивна несовршеност, тие се совршени!

Слични објави

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо
Се вчитува....