21:35 - 12 април, 2026

Мразот ги зароби сопствениците во нивните домови: Нестварна глетка покрај езерото Ири

Куќите во близина на езерото Ири во Њујорк буквално се претворени во иглоа по невремето, пренесува Ladbible.

На фотографиите се прикажани куќи веднаш покрај езерото прекриени со мраз и други ледници откако силните ветрови ја оддувале водата од брегот на езерото, каде што таа се замрзнала и ги прекрила домовите.

Youtube

На некои куќи мразот е толку густ што жителите морале да користат алат за да влезат во своите домови како и за да излезат од нив.

„Морам да го скршам мразот за да излезам низ вратата, рекол еден од жителите.

Додека мразот не се стопи, невозможно е да се процени колкава штета им е нанесена на куќите, иако дрвја и далеководи исто така се урнале под налетите на силниот ветар кој достигнувал брзина и до 80 километри на час.

Youtube

Снежните врнежи се многу големи во близината на езерото поради „ефектот езеро“, кој настанува кога студениот сув воздух поминува преку езерото, собирајќи влага, пред да го „фрли“ на брегот како снег и мраз.

 

 

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.
Се вчитува....