8.8 C
Скопје
11:30 - 18 февруари, 2026

Многу родители несвесно ја уништуваат психата на детето: Овие четири грешки можат да бидат погубни!

Многу родители сакаат правилно да го воспитаат своето дете, како би израснало во добар човек, но многу и во најдобрата намера несвесно грешат.

Одредени методи доведуваат до контраефекти. Го нарушуваат детското самопочитување и предизвикуваат „терање инает“.

Ако не сте свесни за некои грешки во однесувањето, можете да влијаете на тоа како детето се гледа себеси, како одлучува и како се носи со предизвиците на растењето”, откри психологот доктор Џефри Бернестеин, во колумната на порталот Psyhology Today и додава дека е важно да се препознаат грешките.

Викање и удирање

Викањето и тепањето најмногу влијаат на детското самопочитување. На тој начин покажувате лоша контрола на импулсот и му праќате многу лоша порака на детето. Секако многу родители во некои ситуации не можат или не знаат поинаку, па викаат по своите деца или „им удираат една воспитна“.
Можеби вам ви се чини дека така го дисциплинирате вашето дете, но впечатокот ќе трае кратко. Наместо позитивни реакции, детето ќе биде несигурно, ќе има слабо самопочитување, ќе биде помалку способно за конструктивен разговор.

Враќање на проблемите

Кога еднаш ќе решите проблем или недоразбирање, немојте веќе да се враќате на него. Дозволете му на детето да почне од почеток.

Дадете му поддршка да продолжи понатаму наспроти грешките и нешто да научи за нив.

Единствено така ќе воспитате самоуверено дете и ќе ја сфати важноста на добриот избор, а ќе биде и помалку наклонето на повторување на лошите работи.

Малтретирање поради вина

Едно е да го прашате детето како би се чувствувало да доживее нешто што вие сте го доживеале од него, а друго е да инсистирате на тоа до крајни граници, за да му наметнете вина поради неговите мисли или постапки.

Родителите кои ја користат вината за контрола над детето ќе доведат до тоа децата да се враќаат назад.

– Имав клиентка која го нападнала својот син, кога комшијата рекол дека го видел со друштво како пуши марихуана. Го нападнала со прашањата како на пример: „Дали разбираш колку ми е незгодно кога ќе слушнам такво нешто?, Дали си свесен дека со тоа потполно е уништена мојата доверба?“.

– Но, кога успеа да се смири и да го залекува своето его, ѝ помогнав да ја научам како со синот помирно да разговара и да му даде поддршка и разбирање. Успешно ги решија проблемите и изградија доверба. Така и Харолд полека изгуби интерес за лошото друштво кое го наведе на дрога – раскажува доктор Бернстеин.

Сарказам во разговорот

Сарказмот лошо влијае на детското самопочитување бидејќи ќе се чувствува посрамотено. Така нема да му помогнете да се носи со своите грешки ниту ќе изградите почитување.

Слични објави

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.
Се вчитува....