-3.2 C
Скопје
04:57 - 23 декември, 2024

Миење садови и слушање музика – добитна комбинација против стрес

Миењето садови го намалува стресот, ако тоа го правите со посебно внимание и полна концентрација во моментот, тврдат истражувачите од Државниот универзитет Флорида.

Истражувачите докажале дека куќните обврски, како што е миењето садови, кога се извршуваат потполно свесно, придонесуваат за намалување на стресот и постигнување душевен мир. Тие утврдиле дека студентите кои миеле садови свесно, имале покачени позитивни емоционални фактори како што е инспирација, а значајно намалување на нервозата и стравот.

Учесниците во испитувањето во овој експеримент биле поделени на две групи. Првата група добила и прочитала текст за миење садови пред да премине на самата работа. Другата група го прочитала текстот кој објаснува како миењето садови се извршува со полно внимание и концентрација на сегашниот момент. Поради тоа биле упатени да посветат максимална ментална концентрација на претстојната задача.

Резултатите покажале дека групата која свесно се сконцентрирала на задачата доживеала 27% намалена нервоза, а 25% покачена ментална инспирација во однос на контролната група. Првата група, која работата ја извршила механички, немала никаква корист од миењето садови.
Истражувачите дошле до заклучок дека свесното миење садови може да биде одличен систем да се постигне позитивна ментална состојба и да се намали стресот кој потекнува од надворешните фактори. Свесното внимание може да се примени и во други домашни обврски како што се чистењето на домот, перењето алишта или готвењето.

Што е свесно внимание?

Свесно внимание е психолошки процес со помош на кој поединецот ќе се сконцентрира на искуствата кои се случуваат во одредениот момент. Во нив спаѓаат: моменталното опкружување, место, активности кои човекот ги извршува во секој даден момент, како што се одењето, прелистувањето книги, седењето. Вежбањето на свесноста и свесното внимание може да донесе подобра самоконтрола, толерантност кон емоциите, подобра концентрација, емоционална интелегенција и ментална јаснотија.

Слушајте музика додека миете садови

Утврдено е дека класичната музика го намалува притисокот и го намалува нивото на хормони на стрес. Освен тоа, таа го покачува допаминот во организмот. Добрата музика ќе го исфрли стресот од вас, таа полека ќе ве смири и релаксира, а можеби и ќе ве внесе во медитација. Пуштете музика додека миете садови и вашето ниво на стрес ќе го сведете на минимум.

Бројте во текот на миењето садови

Пронајдете нешто неутрално што ќе броите, како би го намалиле стресот. Најдобар начин се броевите. Бројте наназад, така што уште повеќе ќе се сконцентрирате на оваа вежба, а не на стрес. Додека броите, замислувајте како броевите се појавуваат и полека исчезнуваат. Лесно ќе го споите броењето со миењето садови, наједноставно е да броите измиени садови.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....