6.8 C
Скопје
04:35 - 31 март, 2026

Кралицата Елизабета во карантин има ново хоби, а откри и што најмногу и недостига!

Кралицата Елизабета Втора сè уште е во изолација во дворецот Виндзор со нејзиниот сопруг, принцот Филип. Таму се од средината на март.

Поради мерките за претпазливост, можат да им се придружат само неколку од нивните вработени, а својот персонал кралицата го свела на минимум. Времето го поминува читајќи весници и разговарајќи со остатокот од семејството преку видеоповици. Ретко излегува надвор.

Нејзиниот градинар Грахам Стоун рекол дека кралицата е воодушевена од птиците за кои се грижи додека е во изолација.

„Знам дека сака да ги гледа кај Виндзор“, рекол градинарот и додал дека во една прилика кралицата спасила птица, на која ногата и се заглавила на жица. Елизабета го видела тоа и го викнала градинарот да и помогне.

Најмногу и недостасува јавањето, но сепак наоѓа начини како да го пополни времето.

„Не им кажувајте на децата, ама јас и Филип всушност ги продолживме празниците. Моите деца имаат многу сила, не знам како“, рече Елизабета неодамна за Би-би-си.

Остатокот од кралското семејство исто така е во самоизолација. Принцот Чарлс е во Шкотска со сопругата Камила, а сите кралски должности во моментов ги извршува принцот Вилијам.

Profimedia

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....