6.8 C
Скопје
22:54 - 7 март, 2026

Казнета француската уметница што се соблече гола пред светилиштето во Лурд (ФОТО)

Француската уметницата Дебора де Робертис треба да плати казна од 2.000 евра, бидејќи во септември 2018 година позираше целосно гола пред Светилиштето во Лурд, со склопени раце, како да се моли. Медиумите коментираа дека на тој начин ја имитирала статуата на Дева Марија што се наоѓала во пештерата, каде што, според легендите, Богородица во 1858 година се појавила пред девојче од селото Лурд.

Image

Twitter

Facebook

Во 2017 година Дебора ги шокираше посетителите на музејот „Лувр“, кога пред Мона Лиза ги рашири нозете и извикуваше недолични зборови.

принтскрин/Youtube

„Целта не беше на сите да им ги покажам моите гениталии, туку да ја копирам познатата фотографија на Вали Експорт“, рече тогаш Дебора.

принтскрин

Вали Ескспорт е австриска уметница позната по контроверзиите во 60-те и 70-те години на минатиот век.

 

Слични објави

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо
Се вчитува....