4.8 C
Скопје
14:16 - 21 декември, 2024

Габриела Копачева – Барсова: Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?

Разговараме со доцент Д-р Габриела Копачева – Барсова, од Клиниката за уво, нос и грло на тема кога, колку и зошто ни требаат пластични интервенции на носот и колку се стремиме кон перфекционизмот.

Што претставува риносептопластика?

-Претставува естетска и корективна оперативна интервенција на носот при која се отстрануваат разни видови на деформитети на носната преграда или на носната пирамида – носни грпки, искривен нос, се коригираат асиметрии во пределот на носниот врв како и функционални корекции на носната преграда. Целта е носот да се доведе во една хармонична средина во однос на останатите структури на лицето и да се постигне бараниот естетски ефект. Но, секогаш треба да се внимава, при тоа, да не се наруши дишењето преку нос, бидејќи една од основните функции на носот е токму дишењето. Накусо, да се оствари естетска и функционална хармонија на носот како посебен ентитет.

Колку Македонките целат кон перфекционизам?

-Многу, но секој има право, освен тоа да има физичко и психичко здравје, да изгледа и убаво. Во најголем број доаѓаат со реални барања во однос на естетскиот ефект, но се разбира има и многу кои немаат реална перцепција за своето тело, односно поедини делови на телото, па имаат ирационални барања од лекарот и често одат од една на друга естетска интервенција. Тие пациенти ги ставам во групата на естетски „сурџихолици“ и обично избегнувам да ги оперирам.

Кои естетски интервенции се најбарани?

– Ставање филери на усните, образите, челото, речиси насекаде, па дури сметам дека се оди до претерување, па почнуваат да личат едни на други. Второ е естетската хирургија на носост, градите и на стомакот. Земајќи ја бројката од три до четири естетски интервенции на носот што се изведуваат на нашата Клиника, тогаш во годишни размери бројката е голема.

Што вие би сакале да смените кај себе земајќи ги предвид модерните начини на разубавување?

– Како старееме, така и телото се менува, и се разбира дека јас како 50-годишна жена не би можела да изгледам како 20- годишен модел. Лично посакувам, а и се трудам, стареењето да го прифатам како еден нормален физиолошки процес. Сепак, не ја избегнувам редовната посета на козметичар и пилатесот кај „Кети- Фит“. Потоа, тука се долгите прошетки со моето куче, многу работа и, се разбира, негата на добрината и човечноста во себе. Човечноста е најголема експресија на убавините на човекот. На ум ги имам зборовите на нашиот легендарен гениј, Петре М. Андреевски, дека никаде не се оди со грд човек, мислејќи на грд човек во душата, оти грда ќе ти биде и работата. Затоа, крај себе имам само убави луѓе, со голема сенка.

„Никаде да не одиш со грд човек. Со грд човек секаде ќе ти биде грда работата. Ќе си земеш некој убав човек со голема сенка и насекаде свртен. Од која страна да го погледнеш, оттаму да му се гледа лицето. На сите страни да има лице. И тој не мора ништо да зборува, ами остави го само до тебе да стои. Покрај убавиот човек и ти ќе бидеш поубав. Оти се рекло: убавината секогаш изгледа невино иако најмногу гревови носи… Само убавината прави пазар.“ Петре. М. Андреески, „Последните селани“, 1997.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....