8.8 C
Скопје
10:01 - 31 март, 2026

ФОТО|Списанието „Тајм“ за прв пат избра дете на годината!

Во традиционалниот избор на списанието „Тајм“ Гитањали Рао оваа година ја презеде титулата за нај-дете, но со неа во потесниот избор беа и млади дизајнери, хуманитарци и други деца кои го менуваат светот.

Светот им припаѓа на оние што го обликуваат. Без оглед на несигурноста што ја чувствуваме во одреден момент, секоја нова генерација има се повеќе и повеќе деца на кои треба да им се восхитуваат, велат од списанието „Тајм“, кое оваа година, за прв пат меѓу 5.000 млади Американци на возраст од 8 до 16 години, ги избра „нај-дете на годината“, заради нивните достигнувања кои одамна ја надминаа нивната висина.

Деновиве тие објавија приказни за пет деца во потесниот избор, а победникот преку Зум го интервјуираше светски познатата актерка и активистка, Анџелина Џоли.

Рао има само 15 години и промовира употреба на технологија за решавање проблеми, од контаминирана вода за пиење, до зависност од опиоиди и вознемирување преку интернет. Нејзината идеја е да создаде глобална заедница на млади иноватори за решавање проблеми низ целиот свет, и им порачува на младите: Не обидувајте се да го решите секој проблем, фокусирајте се на оној што ве возбудува.


Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....