Актерката Дру Баримот имаше огромни проблеми со килограмите, а неодамна на својот инстаграм-профил за јавноста откри како се соочувала со тоа, но и на фановите им упати важна порака.
Всушност, актерката објави 2 фотографии, една од периодот кога била задоволна со изгледот, а потоа едно кога не била.
„Се здебелувам и слабеам. Борбата на моето тело со килограмите е предизвик, но и прекрасен пат. Родив две деца, а мојата најважна цел е да бидам тука за нив. Вистинско чудо е што можев да родам две девојчиња. Имаше моменти кога стоев пред својот гардаробер и плачев. Се мразев кога морав да се облечам. Не се чувствував добро“, откри Дру.
Освен ова признание, таа на своите фанови им пренесе и важна порака.
„Не се споредувајте себеси со жените од списанијата или црвениот тепих“, заклучи актерката.