-0.2 C
Скопје
18:40 - 22 декември, 2024

Девојка била исфрлена од католичкото училиште, поради роденденска торта во боите на виножитото (ФОТО)

Тинејџерка во Кентаки била избркана од средното католичко училиште откако на друштвените мрежи се појавила нејзина фотографија од прославата на 15-от роденден на кој носела џемпер во боите на виножитото и позирала покрај иста таква торта.

Кајла Кени за роденден отишла да јаде во локалниот ресторан со своето семејство. Нејзината мајка Кимберли Алфорд ја фотографирала и тоа го објавила на друштвените мрежи, а тоа веднаш привлекло внимание на службениците од училиштето.

„Беше среќна, изгледаше прекрасно. Како мајка, ја фотографирав додека ги дуваше свеќите и го објавив тоа на Фејсбук“, рекла Алфорд за WAVE3. Но, семејството не очекувало дека Кејла би можела да биде казнета само затоа што позирала со боите на виножитото.

Неколку дена откако била објавена фотографијата, 6 јануари, директорот на христијанското училиште Whitefield Academy, Брус Џејкобсон го контактирал семејството на Кејлин. „Тоа беше мејл во кој бевме известени дека Кејла е отпишана од училиштето поради објавата на друштвените мрежи“, вели Алфорд.

Училиштето ја исфрлило поради сликата која „прикажува прифаќање на спротивните верувања од оние на Академијата“, пренесува Daily Mail. 

Publiée par Kimberly Alford sur Mardi 31 décembre 2019

Но, објавата не алудирала на поврзаност со ЛГБТ заедницата и движењето кое го носи симболот на боите од виножитото. Алфорд вели дека немало скриени агенди или значење позади фотографијата – нејзината ќерка едноставно славела роденден.

Кодексот на однесување од училиштето вели дека учениците може да бидат суспендирани и за однесување надвор од училиштето доколку нивните верувања за сексуалната ориентација не се во склад со верувањата на училиштето.

Алфорд вели дека не знае како училиштето дошло до тој заклучок и се жалела поради исфрлањето на нејзината ќерка. „Ги учиме децата за тоа што би направил Исус, што би направил овде?“, рекла мајката.

Меѓутоа, администраторите од училиштето ја одбиле средбата со Кајла и нејзиното семејство. Кајла била бруцош во училиштето каде школарината чини 7,800 долари годишно. Училиштето единствено се согласило на тоа Кејла доброволно да се отпише од училиштето за тоа да не биде видливо во нејзината евиденција.

Кајла сега оди во јавно државно училиште.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....