7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

Денеска се слави Младенци, празник на љубовта, младоста и бракот

Денеска се слави Младенци, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Во 320 година четириесет војници во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исус Христос, биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година.

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....