2.8 C
Скопје
17:31 - 20 декември, 2024

Д-р Ирена Витановска: Дебелината е голем проблем, но и диетите се само со краток ефект

Со доктор Ирена Витановска, специјалист по семејна практика, разговараме на актуелната тема за употребата на канабисот во медицински цели, за заштита од коронавирусот, но и за жените и здравјето. 90 отсто од нејзините пациенти, кои се во бројност од над илјада годишно, со третманот со медицински канибис, покажале моментно подобрување во полза на здравјето и лекувањето.

На употребата на канабисот во медицински цели, кај нас, луѓето сè уште гледаат со сомнеж, па и со страв. Вие пак, од друга страна, активно ги следите светските трендови на оваа тема, со учество на бројни конференции и настани низ светот. Кои лекувања и практики се актуелни денес со употребата на медицинскиот канабис?

– Лекување со канабис во медицински цели е најнов тренд во медицина. Во развиените земји како Израел, САД и Канада, научниците третираат разни болести. Постојат центри за канабис, како и болници кои третираат разни болести со канабис. Посебно се актуелни третмани на деца заболени од епилепсиjа, каде што класичните антиепилептици немаат ефект. Од моето искуство со лекување на канабис за медицински цели (ЦБД / ТХЦ) ефикасност покажува кај крварења на мозок, циркулаторни болести, паркинсон, eпилепсиjа, разни видови карциноми, мултипла склероза, деменција, депресија, панични напади на страв, кожни болести итн. Може да се употребува за здрави и болни луѓе. Дејството се манифестира како подобрување на општа состојба и имунитет кај луѓето.

Кои се искуствата од вашите пациенти? Имате ли процент на излекувани случаи?

– Моите искуства се создадени од над 1.000 пациенти годишно, што е светски стандард. Скоро 90 отсто пациенти имаат веднаш подобрување и поквалитетен живот. Најтешки пациенти се со мултипла склероза за кои треба долготрајни третмани и многу трпение. Но и кај нив се гледа подобрување на нервни и моторни функции.

Светот е во паника и страв од новиот вирус корона. Дали можеме ние, како држава, да се заштитиме и како? Има ли место за страв?

– Коронавирус е нов вирус со кој нашето население не се сретнало сè уште. Дава респираторна инфекција како грип и други респираторни вируси. Највероjатно дека тие што умреле во Кина имале послаб имунитет. Населението кај нас може да се заштити со лична хигиена и избегнување на збирни места, одење по болници и амбуланти каде што може да се зарази.

Новата вест е дека коронавирусот е идентификуван и во Европа. Што треба да направиме ако неодамна сме престојувале во земји со ризик?

– Ако некој престојувал во земја со висок ризик или имал контакт со заболено лице од таа земја, би требало при појава на први симптоми на респираторна инфекција да се јави на Инфективна клиника, каде што вирусот може да се идентифицира.

Да преминеме на тема жените и здравјето. Според податоците, во Македонија освен болестите на циркуларниот систем, најчести причинители за смртност се неоплазмите, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, но и болестите на респираторниот систем. Колку често треба да се прегледуваме за превенција или рана дијагноза на болест? Што најопходно треба да вклучи еден преглед?

– Како лекари сме сведоци дека нашиот народ живее во страв и паника од каква било болест. Амбулантите се полни со пациенти и луѓето постојано се жалат. Мое мислење е дека треба еднаш годишно да имаат систематски прегледи, евентуално двапати, ако се поболни. Тоа значи да направат лабораторија, општ и интернистички преглед, ЕХО, гинеколошки и уролошки прегледи и да слушаат препораки од докторот, а не сами да се лекуваат.

Специјалист сте по семејна медицина, колку генетските фактори, наследените од родителите, се важни причинители на одредена болест?

– Генетските фактори се многу важни во фамилијарната анамнеза и можно е одредени болести да се појават во текот на животот, какви што имале родителите. Штетните навики, животната средина, загадениот воздух, стресовите, исто така влијаат на појава на болести.

Во желбата за убав изглед, жените прифаќаат најразлични диети, често неуспешни, штетни за здравјето, или пак, со „јо-јо“ ефект. Како според вас треба да изгледа здравото топење на килограмите?

– Сите жени треба да тежнеат да изгледаат уредно и да се прикладно облечени зависно од возраста. Дебелината е голем проблем, но и диетите се само со краток ефект. Најважно е да се имаат здрави навики, хигиенско-диететски режим. Потребно е да се има умереност во храна и пиење. Сè е дозволено, но не е сè од полза.

Уште една актуелна тема за повозрасните жени е климаксот со сите непријатности што ги носи, од нервоза до потење и промена на расположението. Постои ли превентивна терапија која не се заснова (само) на медикаменти? Како полесно да се помине климактеричниот период?

– Климактериумот е природна физиолошка појава кај жените. Некои жени драматично го поминуваат и мора да земаат растителни таблети. Некои жени пак немаат поголеми тегоби. Доволно е само да имаат умерена исхрана, прошетки на чист воздух и да практикуваат други физички активности.

Што користите вие за нега и за здрав дух во здраво тело?

– Ги користам овие принципи што им ги препорачувам и на другите. Избегнувам стресови, умерено се хранам и шетам. За духовна храна читам од Библијата и тоа ме смирува и ми ги продолжува животот и виталноста.

Да ги разбиеме табуата, дали лекувањето со канабис создава зависност и зошто треба или не треба да се плашиме од неговата употреба? Кога може да се употребува? Дали делува превентивно кај здрави лица?

– Канабис (ЦБД), кој е во продажба во аптеките, нема психотропен ефект и не создава зависност кај луѓето. Другата супстанција ТХЦ – која има психотропен ефект е најстрого чувана во сефови во лиценцирани аптеки и е наменета како додаток на ЦБД (канабидиол) за посебни болести: канцер, мултипла склероза, епилепсија и ХИВ. Канабидиолот нема негативни ефекти и може да се употребува од здрави луѓе, само во ниски концентрации контролирани од лекар.

 

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....