7.8 C
Скопје
19:24 - 1 април, 2026

Бес на кралскиот двор: Кралицата на вести слушнала дека Хари „дал отказ“

Извор од кралскиот двор рекол дека кралицата и нејзиното семејство се длабоко разочарани, а пријателите на кралското семејство се шокирани и бесни на брачниот пар.

Принцот Хари и Меган Маркл вчера напишаа објава на социјалните мрежи дека се повлекуваат од кралската должност.

Одлуката ја донеле без знаење на кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Вилијам. За нивната одлука семејството дознало преку телевизиските вести, пишува Дејли мејл. Британските медиуми и британската јавност, поради оваа одлука Меган и Хари ги нарекуваат Мегзит.

Извор од кралскиот двор рекол дека кралицата и нејзиното семејство се длабоко разочарани, а пријателите на кралското семејство се шокирани и бесни на брачниот пар.

„Расправите со војводата и војвотката од Сасекс се во рана фаза. Ја разбираме нивната желба, но тоа се комплицирани прашања за кои ќе треба време“, стои во изјавата на Бакингамската палата.

Pictured: The statement from Buckingham Palace following Harry and Meghan's social media announcement that they would be stepping down from senior Royal duties

„Семејството им овозможи венчавка каква што сакаа, куќата што ја сакаа, канцеларија каква што сакаа, пари, послуга, патувања. Што уште им требаше?“, коментираат помошниците во кралското семејство, додавајќи дека не е фер кон крелицата и дека таа не заслужува такво однесување.

Хари и Меган сакаат да бидат финансиски независни и планираат самостојно да заработуваат, што во моментов, како што тврдат, им е оневозможено. Ќе се откажат од правото на парите што ги добиваат од кралицата, но сè уште можат да земаат пари од принцот Чарлс. Ќе ја задржат куќата во Велика Британија како своја база, а ќе им остане и полициската заштита. Сакаат да го урамнотежат своето време меѓу Велика Британија и Северна Америка, продолжувајќи да ја почитуваат својата должност кон кралицата.

Војводата и војвотката од Сасекс сè уште не знаат како ќе заработуваат.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....