03:38 - 7 ноември, 2026

Анџелина Џоли испрати моќна порака до сите злоупотребувани жени

Во склоп на задолженијата во ОН, но и по повод кампањата „16 дена активизам“, холивудската актерка испрати моќна порака до сите жени што се исплашени дека во претстојните празници можат да доживеат злоупотреба.

Поради пандемијата со коронавирус, која ги затвори луѓето меѓу четирите ѕида од нивните домови, сè повеќе жени и деца се жртви на семејно насилство, па затоа Анџелина Џоли им испрати јасна порака. Таа изјави дека секоја жена треба да разговара за своите проблеми со оние на кои им верува, но и да се обиде да најде нови луѓе, кои во таквите ситуации можат да им пружат помош, со цел да се заштитат себеси и децата од потенцијална злоупотреба.

– На пример, може со пријател или со член на семејството да договорите шифра, со чие изговарање ќе им дадете до знаење дека ви е потребна помош. Жално е да се каже, но не можете да претпоставите дали секогаш пријателите или семејството ќе ви веруваат и ќе ви пружат поддршка. Чести се ситуациите кога странци помагаат. Или други жртви, групи за поддршка – изјави Џоли и додаде дека жените мора да бидат внимателни во такви ситуации, бидејќи само тие знаат во каква опасност се и кому можат да веруваат.

Таа имаше совет и за луѓето на кои ќе им се обратат жртвите на семејно насилство:

– Обидете се да ги сфатите сите емоционални, финансиски и правни притисоци со кои тие лица се соочуваат, а веројатно имаат доживеано и трауми. Ако мислите дека некој ваш близок е во такви проблеми, пробајте да им бидете поддршка и покажете им дека сте тука за нив.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....