17.8 C
Скопје
13:25 - 11 март, 2026

Анџелина Џоли испрати моќна порака до сите злоупотребувани жени

Во склоп на задолженијата во ОН, но и по повод кампањата „16 дена активизам“, холивудската актерка испрати моќна порака до сите жени што се исплашени дека во претстојните празници можат да доживеат злоупотреба.

Поради пандемијата со коронавирус, која ги затвори луѓето меѓу четирите ѕида од нивните домови, сè повеќе жени и деца се жртви на семејно насилство, па затоа Анџелина Џоли им испрати јасна порака. Таа изјави дека секоја жена треба да разговара за своите проблеми со оние на кои им верува, но и да се обиде да најде нови луѓе, кои во таквите ситуации можат да им пружат помош, со цел да се заштитат себеси и децата од потенцијална злоупотреба.

На пример, може со пријател или со член на семејството да договорите шифра, со чие изговарање ќе им дадете до знаење дека ви е потребна помош. Жално е да се каже, но не можете да претпоставите дали секогаш пријателите или семејството ќе ви веруваат и ќе ви пружат поддршка. Чести се ситуациите кога странци помагаат. Или други жртви, групи за поддршка – изјави Џоли и додаде дека жените мора да бидат внимателни во такви ситуации, бидејќи само тие знаат во каква опасност се и кому можат да веруваат.

Таа имаше совет и за луѓето на кои ќе им се обратат жртвите на семејно насилство:

Обидете се да ги сфатите сите емоционални, финансиски и правни притисоци со кои тие лица се соочуваат, а веројатно имаат доживеано и трауми. Ако мислите дека некој ваш близок е во такви проблеми, пробајте да им бидете поддршка и покажете им дека сте тука за нив.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....