Адел не престанува да ја шокира јавноста со драстичното губење на килограмите, откако се појави на забавата после доделувањето на Оскарите и ја покажа новата фигура.
Всушност, пејачката во последните неколку месеци е на строга диета и внесува само по 1000 калории дневно и пие само природни сокови. За година дена таа изгуби неверојатни 45 килограми.
На Адел во слабеењето и помагаат двајца тренери, но исто така иде на пилатес и дига тегови во теретана, пишуваат странските медиуми. Тренерите ѝ давале совети за на што подобар и поздрав начин да дојде до целта.
„Дојде до степен каде не се чувствуваше добро. Знаеше дека мора нешто да промени, бидејќи сакаше да биде најздравата мајка. Нејзиниот фокус беше да стане поздрава и да го третира своето тело подобро. Никогаш не се работеше за намалување на килограмите“, објаснил извор близок на пејачката.
Адел исто така признала дека поради килограмите порано плачела, но ништо не преземала во врска со тоа, туку само се самосожалувала.