11:14 - 31 март, 2026

Седум работи кои се случуваат кога сте во врска со најдобриот пријател!

Доколку ви се случи да се вљубите во најдобриот пријател, тоа навистина може да претставува несекојдневна ситуација. Во овие моменти ги анализирате вашите чувства и ризикот кој тие го претставуваат по големото пријателство, но едноставно не можете никако да си помогнете, бидејќи чувствата се посилни од вашата волја.

Со стапувањето во романтична врска со најдобриот пријател добивате многу работи, а најважна од сѐ е безусловната доверба. Сепак, постојат и некои работи кои ќе ги загубите во тој однос.

Дознајте на кои седум работи треба да посветите внимание доколку го послушате своето срце:

1. Секогаш знаете за што размислува

Не треба многу да се трудите за да ги прочитате мислите на вашиот најдобар пријател. Веќе знаете како тој размислува. Од друга страна пак, ако сте во врска со некој кој не го познавате долго време ќе треба да ја анализирате секоја ситница, додека со најдобриот пријател нема потреба од тоа.

2. Самата помисла на секс на почетокот ви е чудна

По толку разменети приказни за сите луѓе со кои сте биле во кревет, сега сте во ситуација кога треба и меѓусебно да станете интимни. Доволно ви е да направите пријатна атмосфера, низ насмевка да се впуштите во авантура, сѐ додека не настапи романса, кога сексот ќе стане веројатно и најдобриот кој сте го имале досега.

Фото: Профимедиа

3. Ќе посакувате денот да трае подолго 

На почетокот нема да бидете во состојба да се заситите еден од друг. Сега сте во можност да го правите сето она што сте го правеле заедно како пријатели, плус некои нови работи. Иако нема да сакате да се разделите, на крај ќе најдете време и за останатите драги личности во вашиот живот.

4. Постојано стравувате

Редовно ви се јавува страв да не ја загубите најважната личност во животот. Тој е и ваш пријател и партнер. Не е невообичаено да ве мачат мисли дека вашата врска можеби нема да успее. Побарајте совет од блиска личност до вас, мајка или пријател. Тоа сигурно ќе ве смири.

5. Планирањето на вечерата ќе ви биде полесно од кога било

Бидејќи сте навикнати заедно да ги споделувате оброците, нема да ви биде напорно да планирате средби и за време на вечерата, па дури и да се работи за нарачување на пица.

Фото: Профимедиа

6. Ќе почнете да посветувате внимание на својот изглед пред него, дури и ако тоа не сте го правеле од порано

Вашиот пријател ве има видено во најразлични изданија и пред него отсекогаш сте биле опуштени. Сепак, сега ќе почнете да внимавате на тоа да изгледате привлечно секогаш кога сте во негово друштво.

7. Вашата врска вреди

Никој никогаш нема да ве советува да се вљубите во најдобриот пријател поради ризикот кој тоа го претставува. Ако работите тргнат на лошо, веројатно ќе загубите некој кој бил важен дел од вашиот живот, но ако не биде така ќе го добиете речиси идеалниот партнер покрај себе. Поради ова, во животот ќе морате да носите одлуки кои на почеток можеби ќе ви изгледаат луди, но послушајте го своето срце.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....