4.8 C
Скопје
12:42 - 19 декември, 2024

Самоизолацијата не е време за обновување на врската: Не им праќајте пораки на бившите!

За време на пандемијата на коронавирусот луѓето се советуваат ако немаат потреба да не излегуваат од своите домови, а на многумина од досада напамет им доаѓаат и идеи да им праќаат пораки на бившите партнери.

Но не дозволувајте досадата да ви го помати паметот, затоа што тоа е последно што треба да го направите. Сега не е време за обновување на пропаднатите врски. Истото важи и за пораките што ги добивате од бившите, затоа што нивните намери сигурно не се искрени.

Важно е да запамтите дека сè уште постојат „кретени“, претерани емотивци и сите други најлоши верзии на нашите бивши партнери, затоа пораките во стил „Го видов ова и одма помислив на тебе“ нема никаква врска со тоа што го чувствуваат, тоа е затоа што им е многу досадно.

Иако за време на кризата лесно може да се стане сентиментален, ова не е време за тоа.

Бившите кои во ова време ви праќаат пораки се истите тие кои прават претерана залиха на тоалетна хартија, само што овде станува збор на „човечки залихи. Веројатно овие денови не сте единствени кои сте добиле порака во стилот „Да се изолираме заедно“.

Ако вашиот бивш партнер сака да стапи во контакт со вас само кога мисли дека е „крај на светот“, тој/таа не е добра личност за вас и единствена порака со која смеете да му вратите е линк од овај натпис.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....