8.8 C
Скопје
19:51 - 29 март, 2026

Принцот Вилијам ја коментираше војната во Украина и предизвика бес

Принцот Вилијам ја спореди војната во Украина со војните во Азија и Африка и поради тоа се најде на удар на критиките. Тој изјави дека крвопролевањето во Украина е нешто ново и непознато зашто се случува во Европа, за разлика од судирите во Африка и Азија што не се реткост, и дека се чувствува многу бескорисно зашто не знае како да помогне.

Судејќи според бројните коментари на социјалните мрежи, тој воопшто не беше поштеден, а на Твитер беше јавно обвинет за расизам.

Имено, војводата и војвотката од Кембриџ имаа средба со волонтерите од Украинскиот културен центар во Лондон, па Вилијам ја искористи приликата да ја прокоментира актуелната ситуација. Тој изјави дека крвопролевањето во Украина е нешто ново и непознато зашто се случува во Европа, за разлика од судирите во Африка и Азија што не се реткост.

-Многу е чудно да се види ова во Европа. Сите ве поддржуваме. Се чувствувам толку бескорисно – изјави Вилијам во разговорот со волонтерите и додаде дека сака да направи нешто повеќе за да му помогне на украинскиот народ.

Неговиот став предизвика бес, политичките аналитичари, авторите и борците за човекови права, како и останатите корисници на социјалните мрежи го нападнаа поради расизам и го прекорија дека не ја познава историјата на британското колонијално царство, а со тоа и неодамнешните судири во Европа.

 

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....