6.8 C
Скопје
02:39 - 26 април, 2024

ПОРНОГРАФИЈА: Психолозите зборат за предностите, но и за недостатоците

секс

Порнографијата може да им помогне на жените да ја изразат сексуалноста, но може и да ги натера потсвесно да се споредуваат со порно актерките, што доведува до губење на самодовербата. Мажите се ослободуваат од стрес со еротски филмови, но може да бидат изложени на ризик за еректилна дисфункција…

Зборувајќи за порнографија, Деирд Барет, психолог кој предава на бизнис школата на Харвард, вели дека интернет порнографијата е верзија на она што научниците го нарекуваат „натприродни стимули“, односно дека порнографијата води до зголемено чувство на возбуда што можеби не е можно во кревет меѓу партнерите.

Повеќето луѓе гледале порнографија во одреден момент, но малкумина ќе го признаат тоа, особено на нивните партнери.

СЕКС ТЕРАПИЈА: Оргазмот треба да биде како десерт, но сигурно не е причината поради која сте излегле на вечера

Зошто порнографијата сè уште е табу тема?

Факт е дека мажите и жените честопати различно ја перцепираат и користат порнографијата. Додека за мажите, порнографијата е обично безопасен стимул, многу жени ја доживуваат како неверство, бидејќи вклучува задоволство од „надворешен извор“. Но, дали гледањето порнографски филмови е навистина погрешна?

Им помага на жените да ја изразат сексуалноста

Гледањето порнографски филмови може да направи чуда за жените на неколку начини. Не само што се ослободувачка алатка за нив, како и за мажите, туку влијаат и на нивниот сексуален нагон. Кога жената гледа порнографски содржини, нејзиното либидо се зголемува.

По непријатноста која се јавува на почетокот, гледањето порнографски филмови и читањето еротски содржини има позитивно влијание врз сексуалниот нагон. Во голем број случаи, не само што жените добиваат дополнителна доза на самодоверба во спалната соба, туку стануваат посвесни за тоа што е можно и што ги возбудува. Сте помислиле ли дека порнографските филмови можеби ќе ве инспирираат да идете поголеми авантуристи?

СЕКС ПО ДЕЦЕНИИ: На 20 години експериментирање, на 40 пресвртница, а тек 50?

Поттик за посилна врска со партнерот

Доколку сакате да ја зајакнете врската со партнерот во кревет, гледањето содржини за возрасни може да биде добар потег. Имено, експертите веруваат дека гледањето порнографија со партнерот ја подобрува комуникацијата и поттикнува искреност во врската.

Мажите честопати се чувствуваат засрамени или виновни кога гледаат порнографски содржини поради честиот став дека на тој начин преминуваат одредени морални граници. Но, доколку гледате заедно, тоа може да го зајакне заедништвото и тоа искуство може да ви помогне да се зближите еден со друг сексуално, физички и емоционално, како и да ги споделите своите најинтимни сексуални фантазии без осуда.

ДАЛИ ТАА САКА ДА НАПРАВИТЕ ПОТЕГ? 7 знаци да препознаете

Однос кон телото

Ѕвездите на филмовите за возрасни често имаат преголеми атрибути на телото и изведуваат вистински акробации. Меѓутоа, кога гледате ваква содржина, најдобро е да не се споредувате со актерите, туку искуството за гледање да го користите исклучиво за да го подобрите сексуалниот живот.

Сепак, жените понекогаш не можат да ја избегнат споредбата со порно sвездите, по што тие (сосема погрешно) знаат да се чувствуваат неспособни и недоволно привлечни.

Она што треба да го запомните е дека постои причина зошто овие жени се порно ѕвезди и ако постои сексуална привлечност помеѓу вашиот партнер и вас, порнографијата треба да биде само стимуланс што ќе ви помогне да ги зачините односите без да се чувствувате лошо во врска со вашето тело и без да создадете погрешна слика за тоа што очекува вашиот партнер од вас.

КОЈА ТИ Е БРОЈКАТА: Како да разговарате со партнерот за претходните сексуални искуства?

Зависност

Жените, како и мажите, можат да станат зависни од гледање ваква содржина. Се разбира, не е зависен секој што често гледа пронографска содржина, но проблемот настанува кога човек често гледа таква содржина и кога станува опсесија за која го користи секој слободен момент.

Особено е опасно кога некое лице почнува да создава можности за гледање порнографски содржини на начин што избегнува редовни активности, дружење, обврски… Кога тоа ќе почне да се случува, тоа е знак на зависност и проблеми што треба да се решат со помош на експерти.

ДЕЛОТ ОД ТЕЛОТО ШТО ПРВ ГО ТУШИРАТЕ ОТКРИВА КАКВИ СТЕ ВО СЕКСОТ: Кој би рекол…

Го ублажува стресот

Научно е докажано дека вклучувањето во било каква форма на сексуална активност, со партнер или без, го зголемува производството на допамин кој го подобрува расположението.

Мажите, кои гледаат порно во здрави количини, веруваат дека тоа ги ослободува од стрес, бидејќи самиот процес го намалува нивото на хормоните на стресот. Истражувањето направено во 2013 година докажа дека дури и гледањето фотографии на убави, привлечни и секси жени го има истиот ефект.

Зачин за сексуалниот живот

Гледањето порнографија е лесен начин да откриете што ја возбудува една личност, а што не. Покрај тоа, им помага на мажите да одат чекор подалеку со својата партнерка врз основа на она што го виделе и дополнително да го зачинат нивниот сексуален живот.

ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ РАБОТИ ЗА СЕКСОТ: Работи што сакав да ги знам кога бев млада

Еректилна дисфункција

Иако постојат контрадикторни гледишта на оваа тема, еректилната дисфункција предизвикана од порнографија е можна негативна последица од прекумерната консумација на вакви содржини.

Како што објасни д-р Џенифер Џонсон, професор на Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички науки на Американскиот универзитет во Вирџинија, меѓу хетеросексуалните мажи за време на студентските години, 51% гледаат порнографија неколку пати неделно, 19% неколку пати месечно и 13,5% дневно.

Овие податоци сугерираат дека фантазијата може да биде повеќе стимулативна отколку реалноста, што резултира со намалување на либидото. Со толку голем број мажи кои редовно користат порнографија за поттик на сексуална возбуда, воопшто не е чудно што еректилната дисфункција се јавува како нуспојава.

Тоа е исто како земањето антибиотици – луѓето што често пијат антибиотици често создаваат отпор, и слично како и порнографијата – редовното гледање може да предизвика еректилна дисфункција.

Агресија

Мажите можат да ги гледаат жените на сексуално понижувачки начин поради порнографија. Премногу порнографија може да доведе до будење на темната и насилна страна кај луѓето, што може да има последици во сексуалниот живот.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....