5.8 C
Скопје
06:53 - 1 април, 2026

Попоски најавува: Снежна покривка на планините, ќе има снег и во градовите!

– Под влијание на ИЗРАЗЕН влажен бран и циклонска активност од запад, особено оваа вечер и во текот на ноќта насекаде ќе има врнежи од дожд, додека на планините над 1000 м.н.в врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и тоа особено во западните предели.

Локално и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ОБИЛНИ (над 30 л/м2 воден талог), а можна е и локална појава на грмежи. На планинските места, односно на скијачките центри ќе се формира снежна покривка од над 10 цм, а на повисоките планински места истата ќе биде со висина од над 20 цм.

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец ( локално со брзина од над 70 км/час).

Во Скопје и околината исто така  се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Утре попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северен, со што од север ќе започне да се спушта ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух, па така утре навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда и четврток провејување на снег локално ќе има и на пониските места (градовите).

Температурите наутро и тоа особено од среда повторно на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, локално и под -5 степени а на високите планини и до околу -10 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат релативно ниски, особено од среда и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....