0.8 C
Скопје
23:43 - 18 декември, 2024

Неодговорени прашања: Разочарувачката завршница на серијата „Слом“ ги разлути гледачите

Работена според романот „Требаше да знаете“ од писателката Џејн Ханф Корелиц, минисеријата „Слом“ ги залепи гледачите пред телевизиските екрани низ целиот свет. Хју Грант и Никол Кидман, кои прв пат глумеа заедно, го играа богатиот брачен пар од Менхетн, што беше добитна комбинација.

Но и покрај сите пофалби што ги доби минисеријата од шест продолженија, сепак многу работи останаа да висат во воздух, а токму тоа е она што најмногу им пречи на гледачите.

Зошто Џонатан го „испланирал“ својот пат во Кливленд?

Уште во првата епизода дознаваме за страшното убиство на младата Елена, околу чие решавање и откривање на сторителот, подоцна се врти цела приказна. Една од мистериите е зошто Џонатан ден пред убиството ѝ вели на сопругата Грејс дека ќе оди на лекарска конференција во Кливленд. Многумина го поставуваат прашањето: „Ако Џонатан не го планирал убиството, а крајот на серијата го прикажува дека се случило непланирано, зошто еден ден претходно лаже дека оди во Кливленд?“. Исто така не е јасно дали Џонатан воопшто планирал да му се врати на семејството или засекогаш да исчезне.

Profimedia

Дали Фернандо и Френклин воопшто се сретнале?

Во третата епизода од серијата на гледачите им се прикажани неколку сцени, кои упатуваат на тоа дека таткото на психотерапевтката Грејс, богатиот Френклин, се сретнал со Фернандо, сопругот на убиената Елена. Имено, Френклин се затекнал токму пред зградата на убиената, во делот од градот каде што ретко оди. Поради тоа некои гледачи помислија дека токму Френклин е убиецот, а на прашањето дали тој и Фернандо се сретнале, нема одговор.

Зошто Грејс има „сеќавања“ од убиството?

Во текот на неколку епизоди, Грејс има сеќавања на сцената од убиството на младата Елена, со која имаше блиски средби. Поради тие сцени токму таа е едно од осомничените лица кај гледачите. Сега кога сите знаат кој е вистинскиот убиец, се прашуваат како Грејс воопшто можела да знае какво убиство се случило. Дел од теоретичарите тврдат дека сето тоа е од гризење на совеста, бидејќи Грејс потсвесно знае дека го штити убиецот.

Profimedia

Што се случило со фамозните половина милион долари?

Во моментот кога богатиот Френклин ѝ открива на ќерка му дека на зетот Џонатан му позајмил поголема сума пари (500.000 долари) мислејќи дека имаат финансиски проблеми, прашањето за парите останува споредна работа. Многумина се надеваат дека во текот на епизодите ќе откријат зошто Џонатан позајмил толкава сума пари, а исто така и од сметката на сопругата Грејс ја зел целата заштеда. Некои нагаѓаа дека е во долгови, а други тоа го поврзуваа со фактот дека пред неколку месеци останал без работа и не ѝ кажал на сопругата. Но, вистинската причина никогаш не се дозна.

Која е другата љубовница на Џонатан?

Кога веќе речиси сè се знае, додека седи во притвор и разговара со својата адвокатка, Џонатан признава дека освен Елена имал уште една афера. Неверството во бракот никогаш не ѝ го признал на сопругата, но тврди дека сето тоа било попатно и без чувства. Но, никогаш не се дозна која е другата жена со која ја изневерил Грејс.

Profimedia

Зошто во целата серија Силвија се однесува сомнително?

Многу гледачи веруваат дека токму Силвија, најдобрата пријателка на Грејс, е мистериозната љубовница на онкологот Џонатан. Иако тоа не е прикажано во серијата, таа постојано се однесува сомнително, а во еден миг изгледа како потенцијален виновник за убиството.

Зошто Џонатан не се ослободил од оружјето со кое го извршил убиството?

Откако го извршил убиството на младата Елена, Џонатан се крие во семејната викендичка надвор од градот. Таму го крие оружјето со кое го извршил убиството, а тоа подоцна се покажува како кобна грешка. Имено, чеканот со кој ја убил Елена, ќе го најде син му Хенри. Шокиран, тој не го кажува тоа никому, туку го крие на друго место. Гледачите се прашуваат зошто убиецот не го фрлил оружјето в река, не го закопал на некое непредвидливо место и едноставно не се ослободил од него. Некои тврдат дека сето тоа е поврзано со неговото арогантно однесување и вербата дека никогаш нема да биде откриен.

Profimedia

Како Хенри го скрил оружјето?

Откако го наоѓа оружјето кое татко му го скрил, Хенри за да не го разоткрие, го носи во машината за садови. Но, како детето успеало да дојде до кујнскиот апарат со крвав чекан, а притоа никој да не го забележи, е едно од прашањата. Исто така, никому не е јасно како чеканот не е откриен во кујната што ја користат.

Кое е црвенокосото девојче од воведната сцена?

На почетокот од секоја епизода, во воведната шпица се појавува црвенокосо девојче, кое многумина не успеаја да го поврзат со остатокот од сценариото во серијата. Која е таа и која е нејзината улога? Дали станува збор за малата Грејс или, пак, за сестрата на Џонатан која починала како малечка?

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо
Се вчитува....