09:57 - 5 декември, 2024

„НЕ ПОСТОИ Г-ТОЧКА“: Експерт за секс ги открива најголемите заблуди за сексот

секс

Експертот за секс Трејси Кокс за „Дејли Меjл“ откри кои се некои од најголемите заблуди кога станува збор за сексот. Списокот веројатно ќе ве изненади.

Никој навистина не знае која е просечната големина на пенисот

„Не постои студија која ја докажува просечна големина на пенисот и многу е малку веројатно дека некогаш ќе постои. Еве зошто: многу малку мажи се подготвени да дозволат научниците да го измерат нивниот пенис. Речиси сите спроведени студии се потпираат само на мерења кои се неверодостојни и еден куп претпоставки. Фокусот е секогаш на должината, а не на опсегот“, вели Кокс.

На жените не им треба повеќе време за да се возбудат од мажите

„Повеќето луѓе веруваат дека примарната функција на предиграта е да ги возбуди жените и дека на мажите тоа воопшто не им е потребно. Постојат докази дека подолгата предигра води до повисоки нивоа на задоволство, и кај жените и кај мажите“, вели таа.

Нема смисла да уринирате после секс

„На повеќето жени кои имале инфекција на уринарниот тракт им се кажува да уринираат после секс за да ги намалат шансите за повторна инфекција. Идејата е да уринираат за да ја исфрлат секоја бактерија што влегла
во уретрата за време на сексуалниот однос. Нема докази. Жените сè уште имаат 30 пати поголема веројатност да заболат од инфекција на уринарниот тракт, бидејќи нашата уретра е блиску до вагината и анусот и бактериите лесно се шират. Нашата уретра е исто така пократка, така што бактериите можат полесно да стигнат до мочниот меур“, додава Трејси.

Вибраторот не е измислен за да му ја олесни работата на докторот

„Постои една многу возбудлива и забавна приказна која вели дека вибраторите биле измислени за лекарите да ги користат кај жени кои боледуваат од хистерија. Хистеријата е термин што го користеле лекарите за да опишат секаков вид женски симптоми поврзани со стрес или анксиозност во 1880-тите. Лекот за хистерија била докторот да ја задоволи пациентката и да ја доведе до оргазам. Но, нема литература или податоци што би можеле да обезбедат некаков доказ дека лекарите некогаш ги третирале пациентите на овој начин“, открива Кокс.

Клиторисот нема двојно повеќе нервни завршетоци од пенисот

„Постојано се пишува дека клиторисот има 8000 нервни завршетоци само на врвот (фрагмент што можете да го видите). Ова е тврдење кое се појавува дури и во учебниците. Сепак, вистина е дека не постојат студии кои ни кажуваат колку нервни завршетоци има во пенисот или клиторисот“, вели таа.

Не постои Г-точка

„Повеќето од вас веројатно не се изненадени од овој факт. Зошто овој термин е сè уште вообичаен? Бидејќи е полесно да се користи за да се опише многу чувствителна област во вагината отколку (попрецизниот) терминот „преден ѕид“ или „внатрешна стимулација на клиторисот / уретрата“. Списанието „Cosmopolitan“ минатата година се извини што го користеле терминот Г-точка и интензивно го промовирале низ годините. Тоа не е посебен анатомски ентитет“, заклучи таа.

Слични објави

(Фото) Славната пејачка Сабрина Карпентер раскина со актерот, кружат гласини дека ја изневерувал

apostolova

Хороскоп за 5 декември: Овните нема да најдат сигурност во љубовта, Рибите ќе потпишуваат важен договор

Еспресо

(Видео) Букет полн со пари и црно-златни рози! Бресквица доби необичен подарок вреден повеќе од 2.000 евра

Еспресо

Ја замени Северина со многу помлада! Синот на Кеба ја најде среќата со 22-годишна девојка, тие веќе живеат заедно

Еспресо

(Фото) Под новогодишната елка на Анастасија Ражнатовиќ подарок од неколку илјади евра! Еве како пејачката го украси својот луксузен дом во Севиља

Еспресо

(Фото) Свежо нашминкана и со фризура: Јована Јеремиќ се појави во шокантно издание на вежбање

Еспресо
Се вчитува....