3.8 C
Скопје
01:17 - 21 декември, 2024

Најчестите предрасуди во кои повеќето од нас (неразумно) веруваат

Колку пати цврсто сте верувале во нешто што се покажало како неточно или погрешно?

Широката распространетост на различни верувања, несоодветно интерпретирани информации, некритичко размислување, но и отсуство или недостаток на научни докази – сето тоа може да биде причина за формирање на предрасуди во кои несомнено веруваме.

Чоколадото предизвикува акни

Веруваме дека секој од нас би бил милионер доколку секогаш кога ја слушал оваа изјава добивал барем еден денар. Сепак, иако е многу распространето, ова верување е неточно.

Научниците со децении се занимаваат со оваа проблематика, но за среќа на љубителите на чоколадо, сè уште не успеале да докажат причинско-последична врска помеѓу омиленото слатко и појавата на акни на лицето и телото. Тие додаваат дека причината зошто веруваме во овој мит е очигледно логична – докажано е дека храната богата со шеќер и масти го зголемува производството на себум, односно маснотии во кожата кои ги содржат лојните жлезди, што може да доведе до воспалителни процеси во телото. Сепак, такви докази не постојат кога станува збор конкретно за чоколадото. Тие наведуваат и дека млечните производи и шеќерот, а не конкретно самото чоколадо, можат да бидат причина за појава на хормонални промени, а со тоа и појава на мозолчиња.

Затоа советите се да го намалиме внесот на шеќер. Сепак, особено во последните години се препорачува консумирање на темно чоколадо, бидејќи содржи антиоксиданси. Сепак, важно е да се намали внесот односно да се внесува разумна мерка – околу еден ред на ден.

Никотинот е најштетната состојка во цигарите

Ова без сомнение е една од најраспространетите предрасуди не само во нашето опкружување, туку и на глобално ниво. Бројните истражувања покажаа дека дури и значителен процент од лекарите погрешно веруваат дека никотинот е најштетната состојка во цигарите и дека тој ги предизвикува болестите кои ги поврзуваме со пушењето.

Бројни научни истражувања покажаа дека чадот од тутун ни штети најмногу, без разлика дали сме активни или пасивни пушачи. Научниците велат дека никотинот е штетен бидејќи предизвикува зависност, а тоа е всушност неговиот најголем „грев”. Оваа теза е потврдена со фактот дека една од најприфатените терапии за откажување од пушење е онаа која се базира на производи за замена на никотинот, како што се фластерите и никотинските гуми за џвакање. Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Иако никотинот предизвикува зависност и влијае на психоактивната состојба, тој не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето.

Од друга страна, експертите предупредуваат дека тутунскиот чад содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат при согорување на тутунот. Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не сакаат да се откажат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат, со што го поддржуваат таканаречениот концепт за „намалување на штети“.

Човекот користи само 10 проценти од својот мозок

Оваа предрасуда, во која верува речиси половина од човештвото, е стара најмалку еден век и е поврзана со почетоците на невролошките истражувања, кога научниците се обидоа да утврдат каде се наоѓаат центрите за одредени функции во мозокот.

Иако денес, благодарение на науката, можеме да направиме „мапирање“ на целата мозочна маса и со поголема или помала прецизност да одредиме кој дел од мозокот за што е одговорен, тоа не беше случај на почетокот на овие студии.Тогаш , тестовите се направени само на околу 10 проценти од волуменот на мозокот, што доведе до погрешно толкување кое е актуелно до ден-денес , а тоа е дека човекот користи десетина од својот мозочен потенцијал.Нема сомнеж дека во голема мера придонесе и надежта за тоа што се би можеле да направиме доколку би ги користеле и преостанатите 90% од нашиот мозок.

Сепак, научните истражувања јасно покажуваат дека во секој момент поголем дел од мозокот е активен, што покажува дека зоните на активност се наизменично. Со помош на функционална магнетна резонанца и други методи, истражувачите заклучиле дека мозокот е активен дури и кога ги извршува наједноставните дејства, како што се одмор или за време на спиењето.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....