12.8 C
Скопје
18:02 - 3 април, 2026

Музика за мирен сон: Дела од славен композитор ќе ви помогнат да заспиете како бебе

Истражувањата кои ги спроведоа научниците од британските универзитети „Голдсмит“ и „Шефилд“ покажаа дека делата на овој композитор се вистински приспивни песни.

Доколку сакате да ви се приспие, пред да заминете во кревет слушајте музика од Јохан Себастијан Бах.

Во анкетата учествувале 650 лица кои одговарале на прашањата која музика им помага да заспијат. Како најпопуларна „приспивна песна“ се покажала класичната музика со 31,96 отсто застапеност во одговорите, меѓу кои нотите на Бах биле најпосакувани. На второ место се поставила рок музиката која ја слушале 10,82 отсто од испитаниците и на крај поп музиката со која се заспивале 7,47 отсто од учесниците во студијата. Најнепопуларна музика за заспивање, како што се покажало, е хеви-метал.

После Бах, „титула“ за популарност поделија и на Ед Ширан и Волфганг Амадеус Моцарт, потоа на Брајан Ино и Фредерик Шопен.

Во студијата, покрај поимот музика, често е користен и поимот „одвраќање на вниманието“. Испитаниците музиката најчесто ја поврзувале со средство за одвраќање од негативни мисли. Музиката е опција за многумина на кои им треба помош во борбата против несоница, бесплатна е, а притоа нема нуспојави, заклучиле авторите на студијата.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....