14:23 - 13 ноември, 2026

Меган повторно се одлучи на потег кој дополнително ќе ја разбесни кралицата

Само три дена откако таа и принцот по празниците поминати во Канада пристигнаа во Британија, Меган повторно се врати во Ванкувер.

Британските медиуми не престануваат да ја коментираат одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се откажат од сите кралски должности, а војвотката од Сасекс сега се одлучи на нов потег.

Британските медиуми ја анализираат и ја коментираат целата ситуација, а Хари и Меган по првото соопштение веќе не се огласуваа.

Но Меган сега се одлучи на потег кој сигурно дополнително ќе ја разбесни британската јавност.

Само три дена откако таа и принцот по празниците поминати во Канада пристигнаа во Британија, Меган повторно се врати во Ванкувер, каде што осуммесечниот син Арчи го оставила со дадилката.

Многумина го протолкуваа тоа како бегство, додека нејзиниот сопруг се соочува со гневот на семејството и на британската јавност.

Според извор упатен во ситуацијата таа воопшто немала намера долго да остане во Британија, а до кога ќе остане во Канада не е познато.

Кралицата му наредила на своето семејство да пронајдат решение кое ќе овозможи на нејзиниот внук и на неговата сопруга непречено да ги напуштат своите кралски должности.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....