3.8 C
Скопје
22:15 - 20 декември, 2024

Мрачната страна на авторот на „Алиса во земјата на чудата“: Родителите ги тргале своите деца од него!

Книгата „Алиса во земјата на чудата“ веднаш по објавувањето, во 1865 година, стана голем хит, носејќи му планетарна популарност на авторот Луис Керол.

Иако уште писател аматер, Керол стана (и остана) еден од најчитаните англиски писатели. Сепак, пишувањето не било единствено хоби кое овој необичен човек го имал.

Второто хоби на Керол, пак, долга низа на години било предмет на контроверзи и дебати за моралот на славниот писател.

Чарлс Латвиџ Џонсон, како што е вистинското име на Луис Керол, бил математичар и умерено познат писател кој создавал поезија и кратки приказни, кои во главно ги објавувал во магазини и весници.

Во 1865 година Керол ја објавил книгата која му донесе светска слава. „Алиса во земјата на чудата“ беше врв на неговата писателска кариера и остана вечно да се памети како негово најпознато дело.

Дури и денеска, името на Луис Керол строго се поврзува со овој роман, без разлика на тоа што тој истовремено бил многу угледен математичар, професор на Оксфорд и човек кој објавил голем број на научни трудови и книги од областа на математиката и логиката.

Сепак, Луис Керол имал и уште едно хоби – фотографијата.

„Децата ми се многу мили, освен момчињата“

Речиси една деценија пред објавувањето на „Алиса во земјата на чудата“, Керол почнал да се занимава со фотографија. Оваа уметност тогаш допрва станувала актуелна, па Керол наскоро се пробил и станал релативно познат. Некои записи од неговиот дневник сугерираат дека славниот писател имал идеја дека тоа е работа од која може добро да се заработува за живот.

Наскоро станало очигледно дека младиот писател и научник обожава да фотографира деца, а уште попрецизно, девојчиња.

Најпознатата изјава на Керол гласи: „Децата ми се многу мили, освен момчињата“.

Неговите фотографии од деца биле правени со присуство на нивните родители, а многу од нив се забележани во градина, поради природното светло неопходно за добра фотографија.

Се верува дека токму една од малите модели – девојчето Алис Ладел, била онаа која го инспирирала Керол да го напише романот „Алиса во земјата на чудата“. Иако никогаш не е потврдено дека малата Алис е токму познатата Алиса за чии авантури читаа низа на генерации, до ден денеска остана да се чита приказната, која токму на неа и нејзините сестри писателот им ја раскажал првата верзија.

Друго девојче, по име Беатрис Хач, била една од омилените манекенка на Керол често опишувана како негова муза. Таа била едно од првите деца кои тој ги фотографирал целосно голи, нешто што дури и за тоа време било прилично смел и невообичаен потег.

Целото ова со години е предмет на контроверзи и шпекулации за Луис Керол и неговите мали модели. Поетот бил се – од гаден, прикриен педофил, до уметник кој не правел ништо погрешно.

Тајниот свет на Луис Керол

Во документарец кој „Би-Би-Си“ го емитувал во 2017 година под назив „Тајниот свет на Луис Керол“, авторите изнеле тврдења дека Керол дури и Алис и нејзините сестри ги фотографирал голи, како и тоа дека фактот што семејството на девојчињата набргу потоа го прекинале секој контакт со писателот во најмала рака е „сомнителен“.

– Верувам дека тој беше заљубен во Алис, но дека тоа длабоко го потиснуваше и дека никогаш не ја поминал границата на пристојност – раскажува Ванеса Тејт, далечна роднина на Алис Лидел, која додала и дека цел живот во семејството слушала за „чудниот“ однос кој Керол го имал со нејзините предци.

Во негова одбрана застанале историчарите Роџер Тејлор и Едвард Вејклинг, кои пресметале дека нешто повеќе од половина од фотографиите на Керол прикажуваат млади девојки, а и дека тоа не е точен приказ бидејќи околу 60 отсто од неговата работа денеска не е сочувана.

Покрај овие контроверзни фотографии кои постојат и до ден денеска, Керол фотографирал и мажи, жени, кукли, кучиња, но и природа.

Како и да е, Керол во 1880 година одеднаш престанал да се занимава со фотографија иако имал свое студио и бил доста популарен. Како причина за откажувањето рекол дека тоа му одзема премногу време и дека сака во целост да му се посвети на пишувањето.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....