11:34 - 31 март, 2026

Милијардер бара девојка на која ќе ѝ ја покаже Месечината

Неговото богатство се проценува на три милијарди долари.

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава бара девојка која ќе ја поведе на планираниот пат на Месечината.

Profimedia

Тој во 2023 година со ракетата на компанијата „Спејс икс“ би требало да одлета на Месечината, а Би-би-си јавува дека на интернет објавил оглас во кој наведува дека на патувањето сака да оди со посебна девојка и ги повикува заинтересираните девојки да се пријават.

Во огласот се наведува дека заинтересираните девојки треба да бидат слободни, постари од 20 години, позитивни и заинтересирани за патување во вселената.

Откако неодамна ја прекинал врската со 27-годишната глумица Ајаме Горики, 44-годишниот Маезава, новата сопатничка за туристичката посета на Месечината треба да ја одбере до крајот на март оваа година.

Јапонскиот бизнисмен на почетокот на годинава на Твитер објави дека по случаен избор стотина следбеници ќе ги награди со вкупно сто милиони јени (912.000 долари)

Неговото богатство се проценува на три милијарди долари.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....