03:18 - 6 април, 2026

Лејди Гага изведуваше акробации на концерт, а додека свиреше клавир сите очи беа вперени кон нејзиниот задник (ФОТО)

Американската пејачка Лејди Гага (33), во последните неколку денови повторно е во центарот на вниманието кај светската јавност.

Откако се смири воодушевеноста кај фановите предизвикана од нејзините актерски способности во филмот со Бредли Купер „A star is born“, поп ѕвездата се одалечи од очите на јавноста.

Сепак, во последно време повторно постојано се пишува за неа поради новиот дечко кој повеќе не го крие од јавноста, а станува збор за Мајкл Полански, инвеститор и извршен директор на „Паркер груп“, компанија која е во сопственост на еден од основачите на Фејсбук – Шон Паркер.

Пејачката и официјално ја потврди оваа врска на Инстаграм со нивна заедничка фотографија од Мајами, но и преку нејзиниот настап, кој Мајкл го следеше во друштво на мајката на Гага, додека пејачката го оставаше срцето на сцената.

Фото: Профимедиа

Лејди Гага на тој концерт ги воодушеви фановите со својот раскошен вокал и неверојатна музика, но и сценски нстап, посебно кога свиреше клавир стоејќи, а во прв план се најде нејзиниот задник.

Обожавателите паднаа во транс, но и нејзиниот партнер Мајкл не остана рамнодушен.

Новопечениот пар се запозна во Лас Вегас, за време на роденденот на Паркер.

– Мајкл е навистина паметен дечко, доста сериозен. Луѓето зборуваат дека ги запознал Шон Паркер, а биле заедно на ручеци и други настани. Шон за својот роденден организирал забава во својот дом во Лос Анџелес во декември, а Гага и Мајкл беа таму – соопшти неименуван извор за американските медиуми.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....