6.8 C
Скопје
16:03 - 22 декември, 2024

Како српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ завршил во лудница?

Животниот пат на принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, најстариот син на кралот Петар Први Караѓорѓевиќ и Зорка, ќерката на црногорскиот крал Никола Први, различно е опишуван и толкуван.

Петар Први Караѓорѓевиќ/Profimedia

Приврзаниците на неговиот брат, крал Александар, сметале дека поради, благо речено, „избувливиот карактер“, со причина е сместен во 1925 година во азил за умоболни.

Критичарите на владеењето на првиот југословенски крал сметале дека Ѓорѓе е жртва на сплетки и на апсолутистичкото владеење на неговиот брат, кој го наследил престолот откако Ѓорѓе, обвинет за смртта на својот слуга, абдицирал.

Меѓутоа и едните и другите го признавале патриотизмот и личната храброст на Ѓорѓе Караѓорѓевиќ. На дедо му имал нескротлив карактер. Често одел на Ада да лови риби со својот професор по математика и голем пријател Мика Алас. Но неговиот избувлив карактер го внесувал во многу непријатности. Од 1903 година имал титула престолонаследник, како најстар син на кралот.

Еден настан бил пресвртница за животот на Ѓорѓе – убиството на неговиот слуга Стеван Колаковиќ. Во напад на бес престолонаследникот го претепал. Стеван имал тешки повреди по главата и на стомакот. Сите удари, според мислењата на лекарите биле нанесени со удари со нозе. Од добиените повреди слугата после неколку дена умрел. Бил погребан еден ден пред да им се соопшти за неговата смрт на неговите роднини и пријатели.

Ѓорѓе Караѓорѓевиќ/Profimedia

Иако имало обид да се заташка „таинственото убиство“, социјалдемократите започнале упорна кампања, барајќи злосторството да се казни. Овој настан предизвикал голема бура во српскиот, а особено во австроунгарскиот печат, па поради сето тоа Ѓорѓе понудил абдикација на 27 март 1909 година. Нов престолонаследник станал помладиот брат Александар, кој тогаш дошол од Петроград.

По смртта на кралот Петар во 1921 година, власта и официјално ја преземал Александар. Нетрпеливоста меѓу двата брата сè повеќе растела. Принцот Ѓорѓе е уапсен во 1925 година и со години престојувал во затвор, а тогаш биле лажирани лекарски извештаи дека е неурамнотежена личност. По убиството на кралот Александар во 1934, принцот Ѓорѓе се понадевал дека ќе биде пуштен на слобода.

Александар Караѓорѓевиќ/
Profimedia

Меѓутоа, кнезот намесник Павле и кралицата Марија немале желба да го ослободат и тој во затвор ја дочекал Втората светска војна. Го ослободиле Германците, знаејќи за големата неправда што му била нанесена.

По Втората светска војна, новата комунистичка власт сите членови на династијата Караѓорѓевиќ (кои биле во прогонство) ги прогласила за државни непријатели, им го одземала државјанството и им го конфискувала имотот. Единствено принцот Ѓорѓе останал во Белград и живеел мирно во слобода како пензионер.

Се оженил со Радмила Радончиќ, но немале деца. Умрел во Белград, во длабока старост на 17 октомври 1972 година.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....