26.8 C
Скопје
15:56 - 29 април, 2024

И ОРГАЗМОТ ИМА НУС ПОЈАВИ? Халусцинациите, една од нив!

Многу од нив звучат смешно и неверојатно

Според истражувањето објавено во списанието „Сексуална медицина“ за пери-оргазмичните феномени (познати и како чудни физички или ментални симптоми „различни од вообичаениот одговор на оргазмот“), оргазмот во некои случаи може да биде штетен.

Секој што ужива во страстите под чаршафот е свесен за добрите страни на оргазмот. Истражувањата откриле дека сексот може да го ублажи стресот, да ја намали болката и да го подобри нашето расположение. Се разбира, постојат недостатоци – исцрпеност, неред, болка во нозете. Ако второто ве збуни, се покажа дека е само еден од чудните несакани ефекти, сведочеа луѓе, откако доживеаја кулминацијата.

Грип

Синдром на пост-оргазмична болест (или POIS) е „ретка состојба во која едно лице развива симптоми слични на грип и слични на алергии, сеедно дали оргазмот е доживеан со партнер, мастурбација или спонтано за време на спиењето“. Обично се јавува кај мажите по ејакулација, но “исто така и жените, иако ретко, имале симптоми на POIS”. Симптомите може да се развијат за неколку минути или часови по оргазмот и обично траат 2 до 7 дена пред да исчезнат сами. Тие вклучуваат замор, слабост, главоболки, треска, болки во грлото и затнат нос.

Profimedia
Фото: Архива

Главоболки

Според истражувањата, сексуалните главоболки се предизвикани од сексуална активност – особено оргазам. Може да забележите досадна болка во главата и вратот што се зголемува со зголемување на сексуалната возбуда. Или, почесто, може да почувствувате ненадејна, силна главоболка непосредно пред или за време на оргазмот. Иако најчесто нема причина да се грижите за тоа, некои форми на главоболка може да бидат знак за нешто сериозно, како што се проблеми со крвните садови кои го хранат мозокот. Многу луѓе кои имаат сексуални главоболки ќе ги почувствуваат во групи во текот на неколку месеци, а потоа ќе помине една година или повеќе без никакви сексуални главоболки. Некои луѓе може да имаат само еден напад во својот живот.

Кивање

Кивањето како одговор на оргазам може да биде многу почеста појава, отколку што би очекувале, но луѓето се срамат да го признаат тоа. Студијата идентификува стимулација на парасимпатичкиот нервен систем (кој ги контролира телесните функции додека некој е во мирување) како најверојатен механизам за објаснување на ова и другите пријавени невообичаени предизвикувачи на кивање.

Фото: Архива

Смеење

Зголемените емоции се вообичаен несакан ефект на оргазамот – неконтролирано смеење или едноставно, смеење како одговор. Пепер Шварц, авторката на „Сè што знаете за љубовта и сексот е погрешно“, изјави: „Оргазмот го стимулира ослободувањето на моќни хормони, како што се допамин, епинефрин и окситоцин, кои предизвикуваат емоции“. Има смисла.

Плачење

Уште еден вообичаен несакан ефект на кулминацијата. Посткоиталната дисфорија (или тага после секс) е всушност многу честа појава. Студија спроведена со студентки, покажа дека 46% од испитаниците пријавиле такви симптоми барем еднаш во животот. Сепак, истражувањето откри дека не постои врска помеѓу „тагата“ и количината на интимност во блиските односи. Значи, ако се натажите по оргазмот, вашите емоции веројатно се зголемени, а тагата не е одраз на вашата врска.

Фото: Архива

Халуцинации

Претходна студија покажа дека половина од жените кои учествувале во студијата за чудните симптоми на оргазамот се пожалиле на „чувство на напуштање на нивното тело“ и 76% од нив доживеале „чувство на лебдење“, како оргазмот да е феномен од друг свет.

Слични објави

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо
Се вчитува....