19.8 C
Скопје
10:11 - 15 септември, 2026

ИНТЕРЕСНИ ВЕСТИ: На Месечината има кислород за 8 милијарди луѓе

месечина

Атмосферата на Месечината не содржи доволно кислород за човечки живот, но сепак под нејзиниот карпест слој има доволно кислород за да обезбеди живот за осум милијарди луѓе!

Истакнати научници предводени од Џон Грант тврдат дека Месечината содржи многу минерали кои се тесно поврзани со кислородот и дека под површинскиот карпест слој наречен реголит, би можело да има доволно кислород за осум милијарди луѓе да преживеат во период од 100.000 години.

Научните пресметки се базираат на фактот дека на човек му требаат 800 грама кислород дневно за да преживее, а реголитот е длабок околу 10 метри. Месечевиот реголит е составен од 45% кислород, кој е цврсто врзан за минерали како што се силициум, алуминиум, како и железен оксид и магнезиум.

месечина

За да може кислородот да биде достапен, потребен е едноставен процес на екстракција. Тој систем троши многу енергија, а за да биде одржлив би морал да има поддршка од соларна енергија или други извори на енергија достапни на Месечината.

Австралиската вселенска агенција и НАСА во октомври потпишаа договор за испраќање ровер на Месечината со цел да се соберат материјали и да се обидат да извлечат кислород од нив.

По тој повод, научниците разговарале и за развој на експериментален реактор со белгиска компанија со цел да се подобри процесот на создавање кислород со електролиза.

Новата технологија би можела да биде испратена на Месечината до 2025 година како дел од мисијата на Европската вселенска агенција базирана на ресурси.

Слични објави

Џејла Рамовиќ „уловена“ на концертот на Јаков Јозиновиќ – го следеше настапот во неговиот роден град

Еспресо

Весна Ѓиновска-Илкова за 28 години љубов со сопругот: „Поминавме и ќе поминеме уште убави моменти“

Еспресо

Хороскоп за 15 септември: Биковите ќе се фокусираат на нивните цели, Лавовите ќе покажат лидерство

Еспресо

(Фото) Крзнен шал наместо здолниште и обична бела маица – Сенида во необично издание на настап

Еспресо

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо
Се вчитува....