25.8 C
Скопје
17:28 - 6 октомври, 2026

НОВИ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ОБВИНУВАЊА: Мерилин Менсон имал соба со звучна изолација за злоставување

мерелин менсон

Контроверзниот музичар се соочува со нови обвиненија, а одржани се 55 интервјуа за да се открие вистината за Мерилин Менсон. Списанието „Rolling Stone“ го нарече „чудовиште кое ни се криело пред нос“.

Како што пишуваат, Менсон купил стан од музичар кој имал вградена стаклена звучно изолирана просторија во аголот на поголемата просторија, која била наменета за електронска музика.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Вистинското име на Менсон е Брајан Ворнер, а повеќе од 15 жени го обвинија за сексуално и физичко злоставување. Една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган Смитлајн го раскажа своето искуство и го тужи Менсон за сексуално злоставување и тешка форма на одземање од слободата на движење.

„Прво ја опиша собата како „многу кул“, а подоцна ја опиша како крајно криминална. Прво се бориш, но тој уживаше. Научив да не се борам, за да не му го пружам тоа задоволство, само одпловував со мислите. Ако врескав, никој немаше да ме чуе“, рече таа.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Според некои извори, Менсон ја нарекувал „соба за палави девојки“.

Мерилин наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел и порнографски фотографии на ѕидовите, како и свастика. Тој ја одржувал температурата во неговиот дом многу ниска, па една од неговите поранешни девојки станот го нарекла „црн фрижидер“.

мерелин менсон
Фото: EPA-EFE/Victor Lerena

Поранешниот асистент на Менсон тврди дека собата постои, но дека никогаш не видел некој заклучен внатре. Пејачот ги негира сите обвиненија и тврди дека сите негови сексуални односи биле исклучиво со согласност на неговите партнерки.

Слични објави

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.
Се вчитува....