0.8 C
Скопје
01:03 - 12 март, 2026

ИМАШ ПРОБЛЕМИ СO ПРОСТАТАTA? Мажите кои уживаат во овој напиток имаат 9% помали шанси да заболат од рак на простата

Пиење неколку чаши кафе секој ден помага да се намали ризикот од рак на простата – и ги зголемува шансите за преживување за 16 проценти, открива новата студија.

Студија за влијанието на кафето, спроведена од кинескиот медицински универзитет, покажа дека оние кои пијат кафе редовно имаат 10% помал ризик од развој на рак на простата од оние кои не пијат овој пијалок често.

Љубителите на кафе имаа девет проценти помалку шанси да заболат од рак на простата, а оние кои пиеле поголеми количини се искачиле на 12 проценти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tam Cowan (@therealtamcowan)


Луѓето со напреднат карцином на простата имале 16 проценти помали шанси да починат од оваа болест доколку пиеле кафе, тврди студијата. Студијата, објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ), беше спроведена од д-р Кефенг Ванг од Кинескиот медицински универзитет.

Истражувачите анализирале податоци од 16 релевантни студии објавени пред септември 2020 година. Вкупно, различните студии анализирани од тимот вклучуваат податоци за повеќе од милион мажи од кои 57.732 развиле рак на простата. Потрошувачката на кафе се движеше од една или помалку од две чаши на ден, до девет или повеќе на ден, според д-р Ванг.

„Оваа студија сугерира дека зголемената потрошувачка на кафе може да биде поврзана со намален ризик од рак на простата“, рече тој.

Постои биолошко објаснување за нивните откритија, објасни д-р Ванг. Познато е дека кафето го подобрува нивото на шеќер во крвта и има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство. Исто така, влијае на нивото на полови хормони, кои сите можат да помогнат во заштита од рак на простата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kahve Tutkunu ☕️ (@dekorz_ses)


„Сè уште е потребно дополнително истражување за да се испитаат основните механизми и активните соединенија во кафето. Доколку врската се покаже како причинска, мажите би можеле да се охрабрат да ја зголемат потрошувачката на кафе за потенцијално да го намалат ризикот од рак на простата“, заклучил докторот.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....