7.8 C
Скопје
21:28 - 31 март, 2026

Им се ближи крајот на застарените и запоставени апликации на „Google Play Store“: Наскоро ќе бидат отстрани скоро 900.000 апликации

Им се ближи крајот на застарените и запоставени апликации на „Google Play Store“, бидејќи „Google“ сака да ги отстрани апликациите што не биле ажурирани две години.

Ова е резултат на неодамнешните промени во однос на употребата, неодамна имплементирани од „Google Play“. Според извештаите, околу 869.000 се дел од оваа чистка во продавницата на „Google“.

„Apple“ презеде слични мерки во својата „App Store“ во април, предупредувајќи ги програмерите дека ќе ги отстранат апликациите што не биле ажурирани во одреден период. На програмерите им беа дадени 30 дена да ги ажурираат своите апликации за да ги исполнат барањата.

На „Google Play Store“, апликациите засегнати од оваа одлука ќе бидат скриени од резултатите од пребарувањето или целосно отстранети. Сепак, тоа нема да се случи пред 1 ноември, кога се очекува „Android 13“ да биде достапен на телефоните „Google Pixel“.

Причината зошто се спроведуваат овие мерки е да се заштитат корисниците од инсталирање апликации кои можеби ги немаат најновите безбедносни карактеристики и опции.

Според аналитичката компанија „Pixalate“, 68 отсто од апликациите од „Play Store и App Store“ се ажурирани во последните две години. Тоа е повеќе од 3,1 милиони апликации.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....