7.8 C
Скопје
01:24 - 31 март, 2026

Ѓуле и „Ван Гог“ приредија несекојдневен спектакл на Егзит (ФОТО + ВИДЕО)

Славната српска рок група „Ван Гог“ синоќа имаше свој настап на актуелниот фестивал Егзит во Нови Сад, а како и обично Ѓуле и останатите членови на бендот приредија вистински спектакл и незаборавна забава.

Станува збор за третата вечер од најголемиот европски фестивал кој се одржува во Нови САД, а која со свој настап најпрво ја отвори  бендот Буч Кесиди, за потоа на сцената апсолутно да издоминираат рокерите од бендот „Ван Гог“.

„Више те не волим ко пре“ и „Готово е све“, се само некои од песните со кои култниот бенд синоќа ја палеше публиката во Нови САД.

Покрај песните од новиот албум, Ѓуле ги запеа и старите добри познати хитови, кои присутните ги пееја со него во еден глас.

Публиката одговори во вистински стил, а на песната „Скачем Скачи“, Ѓуле побарал од обезбедувањето да качат едно детенце на сцената, за тие двајца заедно да уживаат во лудиот ритам.

По Ван Гог, на главната сцена настапи Том Вокер, а веднаш по него и главните ѕвезди на вечерта – „Грета Ван Флит“.

Уживајте во фотографиите:

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....