18.8 C
Скопје
16:51 - 13 март, 2026

ГО ОБОЖАВА ТОЛКИН И ЖИВЕЕ КАКО ХОБИТ: Ги потрошил своите животни заштеди за да стане фантастичен лик

Николас Џентиле, 37-годишен обожавател на Толкин, одлучил да направи повеќе отколку само да чита за животот на неговите омилени ликови, па и самиот почна да живее како Хобит.

Овој сликар по професија, пораснал читајќи ги книгите на Толкин и гледајќи ја популарната трилогија „Господар на прстените“. Тој отсекогаш бил љубител на фикцијата, но во еден момент читањето и замислувањето на светот и ликовите што толку многу ги сакал, веќе не било доволно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LaConteaGentile (@_myhobbitlife_)

Николас бил уморен да доживува туѓи авантури, па затоа одлучил да биде лик во неговата лична авантура – да започне да живее како Хобит.

„Пред некое време сфатив дека книгите и филмовите веќе не се доволни за да ја задоволам страста за жанрот фантазија“, неодамна изјави Николас за „Гардијан“.

Во 2018 година, тој купил два хектари земја во ридското село Абруцо, во централна Италија, и започнал да гради своја куќа, исто како и Хобитот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LaConteaGentile (@_myhobbitlife_)

Оттогаш тој и неговото семејство живеат таму, облечени како Хобити, танцуваат, пеат и подготвуваат домашни оброци. Тие се забавувале толку многу што сакале да ја прошират својата приказна и да привлечат други љубители на епската фикција.

Овај 37-годишник не открил колку чини неговата хобит куќа и земјиштето околу неа, но истакнал дека на нив ги потрошил речиси сите заштеди од животот. Тој сега сакач да собере околу 1,7 милиони долари за да изгради хобинско село со целосна големина, наречено округот Џентили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LaConteaGentile (@_myhobbitlife_)

„Целта на овој проект не е да се оствари профит“, вели Николас. „Ако сакам да се збогатам, би инвестирал во биткоин. Сe што сакам е да запознаам луѓе како мене, кои имаат иста магија во очите и љубов за едноставни работи во животот, и кои од време на време уживаат во вечерата со пријателите и авантурите во шумата“.

Италијанскиот Хобит од реалниот живот го документира својот хобитски живот на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии и видеа за другите обожаватели на фантастичниот универзум на Толкин.

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....