21:20 - 9 април, 2026

ГАЗДАРИЦА ОД СОНИШТАТА: 50-годишна милијардерка ги награди своите вработени за успехот на компанијата

сара блејкли

Знаеме дека напорната работа и посветеност на крај резултира со лично задоволство, но секако, и со финансиски бенефит. Кога ќе ги вкусиме овие благодети, нема поубаво чувство од тоа да помогнеме или да израдуваме некого.

Најмладата „self-made“ милијардерка на светот, Сара Блејкли, го направи токму тоа. Оваа великодушна жена решила да ги награди своите вработени за успехот на нејзината фирма „Spanx“, пренесува „Гардијан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Имено, компанијата била проценета на 1,2 милијарди долари, откако, инвестициската фирма „Blackstone“ го откупила мнозинскиот удел во компанијата, основачката на брендот одлучила да го сподели својот успех и богатство со нејзиниот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Сара организирала забава за да го прослави успехот на компанијата, а на забавата им кажала на своите вработени дека ќе ги награди бидејќи без нив немало да успее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Блејкли ветила дека секој од нив ќе добие 10.000 американски долари и две авионски билети за бизнис класа за дестинацијата по свој избор. Имајќи предвид дека компанијата брои 500 вработени ова дефинитивно не е мал гест.

 

„Ако одите на патување, можеби ќе сакате да излезете на навистина убава вечера, можеби ќе сакате да излезете во навистина убав хотел, па со две авионски билети добивате и по 10.000 долари“, рекла Сара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Blakely (@sarablakely)

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо

Првото јавно појавување на Дарко Лазиќ во Србија по смртта на брат му: Имал една голема причина

Еспресо

Милан Станковиќ во духовна потрага: Велигденскиот пост го минува по манастири со мајка му

Еспресо

(Видео) Рале фатен како купува цвеќе за Ана, додека нејзината ќерка била со него

Еспресо

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо
Се вчитува....