6.8 C
Скопје
09:14 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) СЕКОЈА ЧЕСТ: Овој талентиран уметник прави чуда со балони!

Јапонецот Масајоши Мацумото е исклучително талентиран уметник кој со балони може да го рекреира секое животно. На неговиот инстаграм-профил можете да видите сè, од птици и риби до змии и инсекти.

Овој фасцинантен уметник не само што создава импресивни фигури на животни, туку некако успева да ги направи и реални. Се заљубил во оваа уметност пред 13 години преку еден жонглерски клуб.

Набргу ја напуштил работата како хемиски инженер и се посветил на создавање животни од балони. Сега заработува за живот како уметник со балони.

Секој дел е направен од балони, сè до очите на животните. Масајоши носи ракавици натопени во восок на база на вода за да спречи пукање на балоните додека ракува со нив.

 

„Што ќе правам зависи од моето расположение во тој момент. Го правам она што прво ќе ми падне на ум“, изјави тој за „It’s Nice That“.

На својот јутјуб-канал Масајоши ги учи другите како да направат некои форми и додава дека сака да покаже дека уметноста на балони не е баш едноставна, туку дека може да биде многу сложена.

 

 

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....