4.8 C
Скопје
21:22 - 11 март, 2026

(Фото) Седумгодишно момче од Австралија тврди дека е реинкарнација на Дијана: Открива неверојатни детали од животот на принцезата, а Хари и Вилијам ги нарекува „моите синови“

Момче од Австралија изјави дека е реинкарнација на принцезата Дијана и ги нарече Хари и Вилијам свои синови, пренесува Мирор.

7-годишниот Били Кембел, кој е роден 18 години по смртта на принцезата Дијана, е сигурен дека тој е реинкарнација на покојната принцеза.

Инстаграм

Како потврда на неговите зборови, тој зборува за настани од животот на Лејди Ди кои се случиле многу пред неговото раѓање. Конкретно, тој им рекол на членовите на своето семејство дека има брат по име Џон (братот на принцезата Дијана, Џон починал пред таа да се роди), а исто така редовно се осврнува на неговите две „момчиња“, мислејќи на принцовите Вилијам и Хари.

На прашањето на родителите кои се овие момчиња, Били самоуверено одговара дека тоа се негови синови.

Според таткото на Били, австралискиот ТВ водител Дејвид Кембел, неговиот син првпат зборувал за принцезата Дијана на двегодишна возраст.

инстаграм

„Прво почна да ги спомнува своите две момчиња. И кога виде фотографија со принцезата Дијана, извика: „Гледај, ова сум јас кога бев принцеза“, рече тој во интервју за списанието „Стелар“.

Родителите на Били Кембел тврдат дека на својот син никогаш не му раскажале ништо за членовите на кралското семејство, но детето тврдоглаво продолжува да им кажува детали од животот на Дијана и нејзините роднини.

 

Слични објави

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо
Се вчитува....