08:00 - 15 јануари, 2026

(ФОТО) НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО: Били Ајлиш се согласила да носи фустан на Оскар де ла Рента со еден услов

били ајлиш

Пoпуларната пејачка Били Ајлиш за првпат се појави во креација на Оскар де ла Рента на најочекуваниот моден настан во сезоната, Мет Гала.

Но, за да се согласи да работи со Оскар де ла Рента, тимот на Оскар де ла Рента морал да се согласи на еден важен услов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Имено, Били веќе седум години е веган и е гласен активист за правата на животните. Затоа, било од големо значење дизајнерот чија креација ќе ја носи целосно да ја отфрли употребата на крзно од животни во своите креации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Во изминатите неколку години, оваа модна куќа не користеше крзно на модните ревии, бидејќи не било „елегантно, модерно или релевантно“ за креативните директори Фернандо Гарсија и Лаура Ким, пренесува „New York Times“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar de la Renta (@oscardelarenta)

Сепак, брендот продолжи да продава облека направена од крзно од животни, а тоа претставувало „значителен износ на продажба и профит“, истакна извршниот директор на Оскар де ла Рента, Алекс Болен. Ставот на Били Ајлиш ја инспирирал оваа модна куќа да направи голема промена.

„Многу размислував за она што го кажа Оскар, кој беше љубител на крзно. Единствено за што се грижеше во модата беше тоа што неговите ставови за тој свет станаа застарени“, изјави Болен. „Мораме да се опкружиме со луѓе со различни погледи за модата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar de la Renta (@oscardelarenta)

Пејачката среќната вест ја сподели и на својот инстаграм-профил.

„Ви благодарам, Оскар де ла Рента, што го дизајнираше овој прекрасен фустан и ги оживеа моите идеи и визии. Ми беше чест да го носам овој фустан знаејќи дека Оскар де ла Рента во иднина нема да користи крзно“, напиша Били.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Воодушевена сум што дизајнерите и целиот тим ме сослушаа за ова прашање и сега направија промена што ќе влијае на општото добро, не само за животните, туку и за нашата планета и животната средина. Чест ми е што бев катализатор и што ме слушнаа по ова прашање. Ги повикувам сите дизајнери да го сторат истото“, порача Били.

Велелепната креација на Оскар де ла Рента е далеку од нејзиниот вообичаен стил, но пејачката откри дека конечно е подготвена да ја прифати нејзината женствена страна.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо
Се вчитува....