4.8 C
Скопје
15:28 - 21 декември, 2024

(ФОТО) НА ОДЛИЧНА „ЛАПАЧКА“ НА САМО ПОЛА СААТ ОД СКОПЈЕ: Во Брвеница на бавно печени ребра, јагнешки котлети и пафлак со праз

Сте биле некогаш во Брвеница? Е, сега ќе ве убедиме да тркнете до таму. Но, ајде, прво да ве насочиме како да стасате до селото, па после ќе ви текне и зошто сме запнале натаму… Значи, се наоѓа во  истоимената општина со над 3.000 жители заедно со соседното село Долно Седларце, со кое се споени. Брвеница е оддалечена на само 3-4 километри од центарот на Тетово, додека од Скопје – на помалку од 40 километри, или во превод, на половина час со автомобил. На самиот автопат кон патарината за Гостивар, веднаш после излезот за Тетово, има директно исклучување за Брвеница, па ако доаѓате од Скопје, патот е едноставен и краток.

Е сега штом стасавте, на два километри од автопатот, на самиот раб на селото во живописни вишнови насади и веднаш по падините на Шар Планина, ќе ве пресретне ресторанот „Електра Гарден“. Се простира на над 10.000 квадратни метри, а располага со комплетна инфраструктура и содржини за сите посетители, паркинг за возилата, игралиште и игротека за најмалите, фонтани, езерце и преубав парк за целосно уживање.

приватна архива

Нè пречекува менаџерот на „Електра Гарден“, Александар Стојкоски и ни раскажува дека зад оваа гастро-убавина стои „дебело“ искуство во угостителската дејност, уште од 2000та година. „Електра Гарден“ пак, е како јаготка врз шлагот на тоа искуство, отворен во 2015 година.

– Локацијата беше внимателно избрана со цел да овозможи една интимна приказна за сите генерации со прекрасно опкружување од вишнови овоштарници како и панорамски поглед на падините на Шара, вели Стојкоски.

Потоа, доаѓаме до менито.

– Се водиме од неколку основни принципи и со нашиот тим во кујна два пати во годината правиме ревизија и измени во понудата согласно сезоните. Користиме што е можно повеќе домашни производи од локални микро производители и нудиме наша интерпретација на некои традиционални јадења како и нешто оригинално, наши рецепти во целост, објаснува менаџерот.

приватна архива

Сепак, нам ни останува маката зашто тешко е да се избере што да се дегустира, освен ако дефинитивно сте раскрстиле со секоја диета. Печен модар домат, гриловано сиренце Електра со брусница, чили и мед, потоа полнет селски домат со печена пиперка и младо сирење се добар почеток. За ручек – пробајте од бавно печените ребра, јагнешките котлети, пафлакот со праз, сувите пиперки, печурки, или од пилешкото филе Аморе со кое се гордеат готвачите.

филе од мисирка

 

За десерт? Во зависност од сезоната доаѓаат и слатките изненадувања и домашните слатки задоволства.

– За десертите користиме боровинки од Шара, вишни, јаболка, тикви и слично, директно од градините на нашите соседи, вели Александар.

Во сезоната на постудени денови пак, не ги прескокнувајте ајварот, пинџур и уште многу разновидни зимници што сами ги прават, но и домашното селско димено месо, чадените колбаси, чварки, сармички…

Кога „тупан“ ќе се најадете, прво на прошетка низ Брвеница и околината за да ви „спадне“, ако тоа веќе не сте го направиле пред да седнете крај трпезата. Имено, ова второво ви е попаметна одлука. Брвеница, пред сè, е аграрна општина со широк спектар на производители на јаболка, градинарски култури, пчеларство и многу други, тука поминува реката Вардар и има прекрасни места за излети и кратки прошетки. Во општината редовно се одржуваат и разни културни настани кои ги поседуваат гости од околината на Тетово и пошироко.

– Веќе извесен период интензивно работиме на следниот чекор во нашата понуда, односно на изградба на сместувачки капацитети со пропратни содржини за да се овозможат услови за семинарски туризам како и повеќедневен престој за гостите кои доаѓаат од подалечени места. Предвидени се отворен и затворен базен, простории за состаноци, визба за дегустација на вина и ракии и тн. Се надеваме дека најдоцна до следното лето, новите содржини ќе бидат готови, објаснува Александар.

А вие, во меѓувреме, сместување може да најдете во непосредна близина на ресторанот за цена од 600 до 1200 денари по лице.

октопод на скара, свеж и превкусeн
Чоколаден десерт со шумско овошје
Бавно динстан свински бут во сос

 

Јасмина Кантарџиева Димков

Слични објави

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо
Се вчитува....