07:02 - 18 ноември, 2026

Парис Хилтон е американскиот Амди Бајрам

парис хилтон (2)

Свадбата на Парис Хилтон како и самата таа ќе биде епски и спектакуларен настан!

Во вторникот, 40-годишната наследничка се појави во „Вечерното шоу со Џими Фалон“ и сподели неколку детали за нејзините грандиозни планови за венчавката.

Хилтон му кажа на водителот Џими Фалон дека процесот на планирање бил „многу стресен“ досега и дека притисокот може да го чувствува поради големата визија што таа ја замислува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guacamouly 🥑 (@guacamouly)

„Ќе биде како тридневен настан. Имаме многу случувања”, рече таа, истакнувајќи дека единственото нешто што го направила досега е да ја избере венчаницата. Иако Хилтон инсистираше на тоа дека таа „воопшто не е напната невеста“, таа откри дека еден фустан веројатно нема да ја покрие за целиот настан.

„Многу фустани, веројатно 10. Многу сакам да сменувам аутфити“, продолжи таа, шегувајќи се дека нејзиниот свршеник, веројатно нема да менува повеќе облеки, бидејќи „тој не е толку скап за одржување како мене“.

Свршеникот на Хилтон, Реум ја запроси на 13 февруари, додека парот го прославувал нејзиниот 40-ти роденден на приватен остров. Вереничкиот прстен е со голем смарагд и е дизајниран од златарот Џан Дусет: правнук на славниот француски златар Луи Картие.

Слични објави

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....