14.8 C
Скопје
11:18 - 7 октомври, 2026

„ПРАВИТЕ ОД МЕНЕ ДВОРСКИ ШУТ“: Се огласи Јелена Ѓоковиќ на коментарите за неверството на сопругот

Јелена Новак Ѓоковиќ

Откако во еден таблоид се појави веста дека актерката Марија Каран наводно му се додворувала на Новак Ѓоковиќ на концертот на Дино Мерлин, Јелена се огласи на „Инстаграм“.

Иако таа генерално не реагира на слични написи во медиумите, сите беа изненадени од жестоката реакција на Јелена Ѓоковиќ.

Имено, кога го виде текстот во српскиот таблоид, објави фотографија од споменатиот текст на својата „приказна“ на Инстаграм, со порака:

јелена ѓоковиќ стори
ФОТО: Привремена фотографија/ Инстаграм

„Ако не ја демантираш лагата- односно не дадеш одговор на глупоста и едноставно не се занимаваш со тоа, новинарите сметаат дека имаат зелено светло да ве влечат низ весниците и да ве направат дворски шутови“, напиша Јелена, а потоа додаде:

 јелена ѓоковиќ стори 2
ФОТО: Привремена фотографија/ Инстаграм

„По 15 години пишување за афери со секоја девојка од нашиот заеднички круг, тие сега нè познаваат толку добро како двојка што знаат дури и кога сум љубоморна без зборови и дела (бидејќи наводно тоа не е видливо, но знаат или имаат многу „сигурни извори), и секако кога не ја негирате глупоста, тоа автоматски станува корисна мамка за идните објави за сега веќе поранешните љубови … Затоа што така се почитува карактерот и делото на еден млад, успешен спортист од нашата земја … оваа година, многу повеќе кликови носат скандали“, напиша Јелена на својот профил на „Инстаграм“.

Слични објави

Анабела Атијас оперирана, три недели не изглегла од дома

Еспресо

Прекината традицијата во чест на Тоше, неговиот најдобар другар разочаран: „Жал ми е…“

К.С.

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо
Се вчитува....